Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Опис На Помагалото - Medtronic Valiant Navion Gebrauchsanweisung

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Valiant Navion™
Торакален стент-графт систем - Упатство за употреба
Содржина
1.
Опис на помагалото .................................................................................................................................................. 433
2.
Индикации за употреба ............................................................................................................................................. 435
3.
Контраиндикации ....................................................................................................................................................... 436
4.
Предупредувања и мерки на претпазливост ....................................................................................................... 436
5.
Несакани појави ......................................................................................................................................................... 438
6.
Избирање пациент, третман и избор на помагало .............................................................................................. 440
7.
Информации за советување на пациентот ........................................................................................................... 444
8.
Начин на испорака ..................................................................................................................................................... 444
9.
Упатство за употреба ................................................................................................................................................ 445
10. Техники за решавање проблеми ............................................................................................................................. 454
11. Препораки за снимања при контролни прегледи ................................................................................................ 457
12. Дополнително набљудување и третман ............................................................................................................... 459
13. Одрекување на одговорност во однос на гаранцијата ....................................................................................... 459

1. Опис на помагалото

Важно!
Не обидувајте се да го користите торакалниот стент-графт систем Valiant Navion пред целосно да ги
прочитате и да ги разберете информациите содржани во ова упатство за употреба.
Внимателно проверете го пакувањето на производот за да видите дали има оштетувања или дефекти пред
употреба. Не употребувајте го производот доколку увидите дека настанало оштетување или доколку
стерилноста е нарушена.
Овие помагала се испорачуваат СТЕРИЛНИ и служат само за еднократна употреба. По употреба, фрлете го
системот за воведување во согласност со болничките, административните и/или владините политики. Да не се
стерилизира повторно.
Tоракалниот стент-графт систем Valiant Navion™ е наменет за ендоваскуларнo санирање на лезии во десцендентната
торакална аорта (DTA). Кога е поставен во рамките на целната лезија, стент-графтот овозможува алтернативен канал
за проток на крвта во васкулаторниот систем на пациентот, исклучувајќи ги лезијата од крвотокот и притисокот.
Стент-графт системот се состои од 2 главни компоненти: вградлив торакален стент-графт Valiant Navion и систем за
воведување за еднократна употреба. Стент-графтот е претходно поставен во системот за воведување. Поставениот
систем за воведување се внесува ендолуминално преку феморалната или илијачната артерија и се следи преку
васкуларниот систем на пациентот со цел стент-графтот да се однесе до целното место. По поставувањето, стент-
графтот сам се шири за да се приспособи на формата и големината на зоните на херметичко затворање над и под
лезијата.
Торакалниот стент-графт систем Valiant Navion не содржи природен гумен латекс, меѓутоа, во текот на процесот на
производство може да дошол во случаен контакт со производи коишто содржат латекс.
1.1. Стент-графт
Може да се користи само еден, примарен торакален стент-графт систем Valiant Navion ако неговата големина е
доволна за да ја обезбеди саканата покриеност. Алтернативно, може да се користи во комбинација со дополнителни
конфигурации на торакалниот стент-графт Valiant Navion коишто ја зголемуваат должината на графтот дистално или
проксимално на примарниот дел.
Сите стент-графтови се составени од платформи на самопроширувачки стент коишто се направени од нитинолна жица
и зашиени со неапсорбирачки шевови за графт од ткаенина. Металната платформа е составена од серија на
серпентински стентови наредени во цевчеста конфигурација. Рендгенски видливи (RO) маркери се зашиваат на секоја
компонента на стент-графтот за да помогнат при визуелизацијата и за да го олеснат прецизното поставување.
Нитинолските стентови може да се гледаат и со флуороскопија. Погледнете во Таб. 1 (Материјали за стент-графт) за
резиме на материјали за стент-графт.
Соодветната големина на помагалото е дадена во упатствата за големина. Погледнете во Дел 6.3 (Препорачана
големина на помагало) и Дел 6.4 (Препораки за големина на помагало) за детални информации за големината за сите
компоненти на стент-графтот.
Упатства за употреба
Македонски
433

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis