Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Контраиндикации; Предупредувања И Мерки На Претпазливост - Medtronic Valiant Navion Gebrauchsanweisung

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Торакалниот стент-графт систем Valiant Navion е наменет за исклучување на аневризми, лажен лумен или местото на
руптура и реставрација на протокот на крв низ луменот на стент-графтот. Помагалото е наменето за употреба кај
пациенти коишто се кандидати за конвенционална хируршка интервенција, како и кај пациенти коишто не се кандидати
за конвенционална хируршка интервенција како резултат на постојните фактори на ризик.
3. Контраиндикации
Торакалниот стент-графт систем Valiant Navion е контраиндициран кај следниве пациенти:
Пациенти коишто имаат состојба во која постои ризик од инфицирање на графтот
Пациенти кај коишто се откриени сензитивност или алергии на материјалите употребени за помагалото (Таб. 1)
Исто така земете ги предвид и информациите во Дел 4.2 (Предупредувања и мерки на претпазливост - избор на
пациент, третман и контролни прегледи).
4. Предупредувања и мерки на претпазливост
4.1. Предупредувања и мерки на претпазливост - Општо
Внимание: Не обидувајте се да го користите торакалниот стент-графт систем Valiant Navion пред целосно да ги
прочитате и да ги разберете информациите содржани во ова Упатство за употреба. Доколку упатствата,
предупредувањата и мерките на претпазливост не се следат правилно, може да дојде до сериозни последици или
повреда на пациентот.
Торакалниот стент-графт систем Valiant Navion смеат да го употребуваат само лекари и тимови коишто се обучени
за техники на васкуларна интервенција, но исто така се обучени и за употреба на помагалото. Погледнете
ги Дел 6.2.2 (Препорачани вештини и обука).
За време на постапката на вградување или повторно вградување, секогаш треба да има достапен тим за
васкуларна хирургија, во случај да се јави потреба од отворен хируршки зафат.
Долгорочната безбедност и ефективност на торакалниот стент-графт систем Valiant Navion не е утврдена.
4.2. Предупредувања и мерки на претпазливост - избор на пациент, третман и контролни прегледи
Не обидувајте се да го користите торакалниот стент-графт систем Valiant Navion кај пациенти кај коишто не може да
се направат потребните предоперативни и постоперативни снимки. Погледнете ги процедурите за вградување и
препораките за снимање при контролни прегледи во Дел 9 (Упатство за употреба), Дел 10 (Техники за решавање
проблеми) и Дел 11 (Препораки за снимање при контролни прегледи).
Торакалниот стент-графт систем Valiant Navion не се препорачува кај пациенти коишто не можат да ги поднесат
контрастните агенси потребни за интраоперативно и постоперативно контролно снимање. Погледнете во Дел 11
(Препораки за снимања при контролни прегледи).
Торакалниот стент-графт систем Valiant Navion не се препорачува кај пациенти чијашто тежина и/или големина ги
надминува границите коишто ги нарушуваа или спречуваат потребните услови за снимање.
Пред процедурата, направете предоперативно планирање за пристап и поставување. Погледнете во Дел 6.3
(Препорачана големина на помагалото). Клучните анатомски елементи коишто може да влијаат на успешното
исклучување на аневризмата се: тортуозност, кратки зони на поставување, како и значителен тромб и/или калциум
на местата на вградување. Во присуство на анатомски ограничувања, можно е да е потребна подолга зона на
поставување за да се направи соодветно запечатување и фиксирање.
За употребата на ова помагало е потребна примена на радиографски средства. Кај пациентите кај кои претходно
постоела ренална инсуфициенција може да има зголемен ризик од откажување на работата на бубрезите по
операцијата.
Несоодветниот избор на пациенти може да доведе до неисправно работење на помагалото.
Торакалниот стент-графт систем Valiant Navion не е оценет кај следниве пациенти и/или лица:
Пациентот е бремена жена.
На пациентот му е потребно планирано поставување на покриениот проксимален крај на стент-графтот во
зоните 0 или 1.
Пациентот има аневризма на торакална аорта со продолжена руптура или локализирана во анастомозата на
претходниот графт (псевдо-/лажна аневризма).
Пациентот има микотична аневризма.
Пациентот има дисекција (тип А или Б) или интрамурален хематом или руптура на аорта покрај торакалната
аневризма.
На пациентот му е потребен третман на аневризма, на пример, поради траума или руптура.
Пациентот претходно примил стент или стент-графт или претходна хируршка интервенција во асцендентната
и/или десцендентната торакална аорта и/или во аортниот лак.
436
Упатства за употреба
Македонски

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis