Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Medtronic Valiant Navion Gebrauchsanweisung Seite 453

Inhaltsverzeichnis

Werbung

9.9. Отстранување на системот за воведување
Внимание: Внимателно следете го движењето на системот за воведување и пронајдете го стеснетиот врв на системот
за воведување со флуороскопија за да се погрижите дека системот за воведување не предизвикува ненамерно
поместување на торакалниот стент-графт Valiant Navion од поставената локација.
Забелешка: Може повторно да ја позиционирате жицата-водилка (малку повлечена) за системот за воведување да
може да заземе поцентрализирана позиција во аортата, што може да го олесни затворањето и повлекувањето на
системот.
Внимание: Може да треба целосно да го повлечете системот за воведување назад во правиот дел на аортата за да го
олесните затворањето на системот за воведување.
1. Со едната рака на предниот држач, продолжете да го држите системот за воведување, додека со другата рака го
држите лизгачот.
2. Повлечете го чкрапалото и држете ја рачката на лизгачот во стабилна положба донесувајќи го истовремено
предниот држач кон рачката на лизгачот (Сл. 11). Употребувајте непрекината флуороскопија и набљудувајте го
проксималниот крај на торакалниот стент-графт Valiant Navion додека полека го повлекувате стеснетиот врв во
облогата на графтот од системот за воведување.
Внимание: Ако системот за воведување се фати во стент-графтот за време на отстранувањето, може да треба
внимателно да го внесувате системот за воведување додека прицврстувањето за поставување не започне да се
поместува. Потоа, повлечете ја жицата-водилка за да заземе поцентрализирана позиција во аортата пред да ги
повторите чекорите за отстранување на системот за воведување.
3. Турнете ја нанапред рачката за ослободување на прицврстувањето за врвот така што приклучокот на
прицврстувањето да се помести кон стеснетиот врв. Набљудувајте го движењето на приклучокот на
прицврстувањето со флуороскопија.
Внимание: Не вршете го чекор 3 пред чекор 2. Во спротивно, механизмот за прицврстување на врвот може да се
заглави на проксималните стентови.
4. Со помош на флуороскопија, нежно отстранете го системот за воведување за да се погрижите дека стент-графтот
не се движи за време на извлекувањето.
1. Конфигурација на FreeFlo
2. Конфигурација на CoveredSeal
9.10. Измазнување на ткаенината на стент-графтот и моделирање на стент-графтот (изборно)
Балон катетерот за стент-графт Reliant (достапен одделно) може да се употреби за отстранување на наборите и
свиткувањата на материјалот на графтот и да помогне при вградувањето на стент-графт со моделирање на покриените
стентови. За повеќе информации, погледнете го Упатството за употреба што сте го добиле со балон катетерот за
стент-графт Reliant. Користете балон катетер за моделирање на проксималните и дисталните зони на затворање и за
подобрување на неоптималното проширување на конфигурациите за автоматско проширување на стент-графтот.
Внимание: Никогаш не користете балон при третман на дисекција.
Внимание: Не употребувајте го балон катетерот за стент-графт Reliant кај пациенти со претходно заболување на
аортна дисекција. Немојте прекумерно да го дуете балонот.
Слика 11. Отстранување на системот за воведување
1
2
Упатства за употреба
Македонски
451

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis