Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Техники За Решавање Проблеми - Medtronic Valiant Navion Gebrauchsanweisung

Inhaltsverzeichnis

Werbung

9.13. Затворање место на влез
Отстранете ги сите останати дополнителни делови (на пример, жица-водилка, обвивка на воведувач или катетер за
ангиограм). Затворете го местото за артериотомија со стандардна хируршка техника за затворање.
10. Техники за решавање проблеми
Во малку веројатен случај на дефект на системот за воведување, може да се употребат следните техники за
решавање проблеми.
10.1. Делумно поставување на стент-графтот
Во случај на делумно поставување на стент-графтот поради одвојување на облогата на графтот, стент-графтот може
успешно да се постави со техника на расклопување на рачката за навртување.
1. Користете скалпел или друга остра алатка за сечење за да го исечете предниот држач.
2. Пресечете го сивиот преден држач долж една од вдлабнатините (Сл. 14). Бидете внимателни за да не го пресечете
обрачот и цевчето за заштита на облогата на графтот под предниот држач.
3. Извадете го предниот држач од навртката и отстранете го. Поместете го внатрешниот обрач подалеку од навртката
за да го подобрите пристапот до цевката на облогата на графтот.
4. Активирајте го чкрапалото и поместете ја рачката на лизгачот назад до навртката. На овој начин ќе може подобро
да ја одделите навртката и ќе имате подобар пристап до цевката на облогата на графтот.
Забелешка: Бидејќи облогата на графтот е одделена, може да го повлечете лизгачот без претходно да го
поставите стент-графтот.
5. Одделете ги 2 половини на навртката за да го утврдите местото на одделување на облогата на графтот.
Забелешка: Стабилизирајте ги навртките на системот за воведување. Погрижете се случајно да на је турнете или
повлечете навртката за време на рачното поставување. Ако случајно ја поместите навртката, стент-графтот може
да се помести од делумно поставената локација.
6. Рачно фатете ја облогата на графтот или со хемостатите и повлечете ја додека стент-графтот не биде целосно
поставен (Сл. 15).
454
Упатства за употреба
Слика 14. Пресекување на предниот држач
Слика 15. Фаќање на облогата на графтот
Македонски

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis