Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Medtronic Valiant Navion Gebrauchsanweisung Seite 449

Inhaltsverzeichnis

Werbung

9.6. Потврдување на позицијата на стент-графтот
1. Пред поставувањето на торакалниот стент-графт Valiant Navion, потврдете ја соодветната позиција на помагалото
со користење на флуороскопија.
2. При поставување на стент-графтот, проверете дали проксималните RO маркери се на посакуваната локација
(Сл. 6). Поставувањето на дисталниот крај се потврдува со осигурување дека дисталните маркери се на
посакуваната локација. Може да се вградат дополнителни стент-графтови за да се прошири должината на
покриеност и да се исклучи лезијата. За дополнителни информации, погледнете во Дел 9.11 (Вградување
дополнителни конфигурации).
Забелешка: Периферната позиција на RO маркерите ќе се разликува. Торакалниот стент-графт Valiant Navion има
осна симетрија и за него не е потребна ротациона ориентација за да се добијат саканите клинички резултати.
Забелешка: За да се потврди позицијата на стент-графтот при вградување на 2 или повеќе помагала Valiant Navion, се
постигнува минимално преклопување со порамнување на дисталните маркери на проксималниот графт со средината
на маркерот на дисталниот графт, освен при користење дистален стент-графт што е пократок од 90 мм. Погледнете
во Дел 9.11 (Вградување дополнителни конфигурации).
Забелешка: Ако користите стент-графт што е пократок од 90 мм за продолжување на опсегот на проксималниот стент-
графт, поставете го работ на материјалот на проксималниот графт на стент-графтот не повеќе од 10 мм проксимално
од работ на материјал на графтот на соседниот стент-графт. За проширување на опсегот на проксималната зона на
поставување повеќе од 10 мм, користете стент-графт со покриена должина ≥ 90 мм. Најпроксималниот стент-графт
мора да ги задоволува барањата на проксималната зона на поставување за FreeFlo (≥ 20 мм) или CoveredSeal
(≥ 25 мм). [no context available]
Забелешка: Ако користите стент-графт што е пократок од 90 мм за продолжување на опсегот на дисталниот стент-
графт, поставете го работ на материјалот на дисталниот графт на стент-графтот не повеќе од 10 мм дистално од работ
на материјал на графтот на соседниот стент-графт. За проширување на опсегот на дисталната зона на поставување
повеќе од 10 мм, користете стент-графт со покриена должина ≥ 90 мм. Најдисталниот стент-графт мора да ги
задоволува барањата на дисталната зона на поставување (≥ 20 мм за FreeFlo и CoveredSeal). Погледнете во Дел 6.1
(Избирање пациент).
Внимание: Во присуство на прекумерна калцификација или формирање тромб, не се препорачува повисоко да го
поставите помагалото и потоа да го репозиционирате дистално по делумно поставување на стент-графтот како
резултат на зголемен ризик од поместување на материјалот.
Внимание: Не користете стент-графтови пократки од 90 мм на зглоб кој нема поддршка или за поврзување на 2
претходно поставени стент-графтови.
Внимание: Избегнувајте или компензирајте за паралаксата или другите извори на грешка во визуелизација.
Внимание: Не фаќајте ја рачката за ослободување на прицврстувањето на врвот додека ја потврдувате положбата на
системот за воведување.
9.7. Поставување на торакалниот стент-графт систем Valiant Navion
1. Погрижете се дека системот за воведување е долж поголемата крива за да ја одржите стабилноста за време на
поставувањето.
Слика 6. Потврдување на позицијата на стент-графтот
Упатства за употреба
Македонски
447

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis