Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Medtronic Valiant Navion Gebrauchsanweisung Seite 443

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Вештини и искуство на лекарот
Сите лекари мора да бидат обучени да го употребуваат торакалниот стент-графт систем Valiant Navion пред воопшто
да почнат да го употребуваат.
Внимание: Торакалниот стент-графт систем Valiant Navion смеат да го употребуваат само лекари и тимови коишто се
обучени за техники на васкуларна интервенција и за употреба на помагалото.
Лекарите коишто го употребуваат торакалниот стент-графт систем Valiant Navion треба да ги имаат следните вештини
и познавања:
Природно потекло на TAA, вретеновидни и сакуларни аневризми или продорни чиреви и коморбидитети поврзани
со TAA
Толкување на радиографски, флуороскопски и ангиографски снимки
Ангиопластика
Соодветна употреба на антикоагуланси (на пример, хепарин)
Соодветна употреба на радиографски контрастен материјал
Емболизација
Ендоваскуларно поставување на стент-графт
Феморален пресек, артериотомија и реконструкција
Неселективни и селективни техники со жици-водилки и катетер
Техники на јамка
Техники за минимизирање на изложеност на радијација
Избирање и одредување големини на помагала
Препорачани материјали и вградување на помагалото
За време на хируршкиот зафат, Medtronic препорачува лекарите да ги имаат на располагање следниве материјали:
Сите должини и дијаметри на помагалата коишто се потребни за да се заврши постапката, особено кога мерките во
предоперативното планирање (дијаметри/должини на третманот) не се сигурни. Овој пристап дозволува поголема
интраоперативна флексибилност потребна за постигнување на оптимален исход од постапката.
Избрани ангиографски катетери, ангиопластични катетери, градуирани катетери со форма на опашка на прасе
Контрастно средство
Флуороскопија со капацитет за дигитална ангиографија и можност за снимање и повторно консултирање на снимки
Потребна е расположлива хируршка сала, во случај да биде потребен итен хируршки зафат
Хепарин и хепаринизиран физиолошки раствор
Трансезофагеална ехокардиографија (TEE)
Катетер со интраваскуларен ултразвук (IVUS)
Обвивка на воведувачот за васкуларен пристап и правење дијагностички снимки
Рендгенски видлив линијар
Балон катетер за стент-графт Reliant и други материјали препорачани во упатството за употреба на Reliant
Стерилен лубрикант
Избор на тврди жици-водилки со должина од 0,035 инчи (0,89 мм), ≥ 260 cм
6.3. Одредување на препорачана големина на помагало
Medtronic препорачува торакалниот стент-графт систем Valiant Navion да се користи во согласност со конфигурациите
за големина наведени во Таб. 2 низ Таб. 5 и насоките за големина наведени во Таб. 6 низ Таб. 8. Сите должини и
дијаметри коишто се потребни за да се заврши постапката треба да му бидат достапни на лекарот ако мерките во
предоперативните планирања не се сигурни. Овој пристап дозволува поголема интраоперативна флексибилност
потребна за постигнување на оптимален исход од постапката. Користењето на непрепорачана анатомска големина на
помагалото може да доведе до сериозни несакани последици или клинички настани во врска со помагалото.
Конкретниот дијаметар на стент-графтот којшто се користи за третманот треба да биде поголем во однос на
незаболениот крвен сад, со помош на упатствата за големината за да се обезбеди соодветна радијална фиксација. Се
очекува строго придржување кон насоките за големина при избирање на соодветната големина на помагалото. Таб. 6
низ Таб. 8 се дадени насоките за прекумерната големина од стент-графтот до крвниот сад. Соодветната прекумерна
големина е веќе вклучена во препорачаните големини. Не треба да се вклучува дополнителна прекумерна големина.
Одредување големина надвор од овој опсег може да доведе до ендоистекување, фрактура, миграција, внатрешно
виткање или до изабување на графтот.
Упатства за употреба
Македонски
441

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis