Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Несакани Појави - Medtronic Valiant Navion Gebrauchsanweisung

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Не употребувате го балон катетерот за стент-графтови Reliant кај пациенти со претходна торакална дисекција.
Немојте да го дуете премногу балон катетерот за стент-графтови Reliant во рамките на или надвор од
материјалот на графтот.
Кога ја проширувате протезата, постои зголемен ризик од повреда и/или пукање на крвен сад што може да
доведе до смрт на пациентот, доколку проксималните и дисталните рендгенски видливи маркери на балонот
Reliant не се целосно во рамките на покриениот (ткаенина на графтот) дел од васкуларната протеза.
Не се препорачува да го позиционирате торакалниот стент-графт Valiant Navion повисоко во крвниот сад во
присуство на прекумерна калцификација или тромб како резултат на зголемениот ризик од поместување на
материјалот за време на дисталното репозиционирање на торакалниот стент-графт Valiant Navion. Погледнете
го Дел 9.5 (Позиционирање на системот за воведување).
Не воведувајте го торакалниот стент-графт систем Valiant Navion кога стент-графтот е делумно поставен и е до
ѕидот на крвниот сад.
Проксималниот крај на покриениот торакален стент-графт Valiant Navion не треба да се постави надвор од
почетокот на левата заедничка каротидна артерија (зона 0 или зона 1). Погледнете во Сл. 3.
Погрижете се дека торакалните стент-графтови Valiant Navion се поставени во соодветна зона на поставување
којашто се состои од здраво ткиво. Здравото ткиво се дефинира како ткиво без докази за периферен тромб,
интрамурален хематом, улцерација и/или аневризма. Во спротивно, може да дојде до несоодветно исклучување
или оштетување на крвниот сад, како и перфорација. Погледнете во Дел 6.1 (Избирање пациент).
По вградувањето, внимателно надгледувајте ги сите ендоистекувања коишто останале нетретирани за време на
постапката на вградувањето.
Избегнувајте оклузивни артериски гранки коишто немаат колатерална или заштитена перфузија како завршеток на
органите или структурите на телото. Ако LSA треба да се покрие, проверете го крвотокот на 'рбетните или мозочни
артерии и ретроградниот проток на LSA.
Внимание: Пациентите со јасен бајпас LIMA-LAD (левa внатрешна мамарна артерија - лева предна десцендентна
артерија) не треба да се земат предвид за покривање на LSA, освен ако се направат дополнителни бајпаси пред
постапката на стент-графт.
4.4. Mагнетна резонанција (MRI)
Може да се користи магнетна резонанција за торакалниот стент-графт Valiant Navion само во одредени услови.
Погледнете во Дел 11.5 (Информации за безбедност при магнетна резонанција).
5. Несакани појави
5.1. Потенцијални несакани појави
Може да дојде до несакани ефекти или компликации поврзани со користењето на торакалниот стент-графт систем
Valiant Navion и можно е да е потребна интервенција којашто вклучува, но не е ограничена на:
Неуспешен пристап
Компликации на местото за пристап (на пример:
грчеви, траума, крвавење, руптура, дисекција)
438
Упатства за употреба
Слика 3. Зони на поставување на покриениот стент-графт
Македонски
Губење на проодност
Лимфоцела

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis