Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Medtronic Valiant Navion Gebrauchsanweisung Seite 454

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Внимание: Кога ја проширувате васкуларната протеза со користење на балон катетерот за стент-графтови Reliant,
постои зголемен ризик од повреда или пукање на крвен сад и смрт на пациентот, доколку проксималните и дисталните
RO маркери на балонот не се целосно во рамките на покриениот (ткаенина на графтот) дел од протезата.
Забелешка: Внимавајте при дуење на балонот, особено кај калцифицирани, извртени, стенотични или на друг начин
заболени крвни садови. Полека дувајте. Се препорачува да имате на располагање резервен балон.
Забелешка: Балон катетерот за стент-графт Reliant се препорачува за употреба со торакалниот стент-графт систем
Valiant Navion. Нема податоци за употребата на други балон катетери во повторно моделирање на стент-графтови.
9.11. Вградување на дополнителни конфигурации
Ако се потребни 2 или повеќе конфигурации за торакалниот стент-графт Valiant Navion за да се исклучи лезијата,
следете ги чекорите во продолжение. Погледнете во Таб. 9 во врска со редоследот на поставување.
Внимание: Никогаш не ставајте го проксималниот крај на FreeFlo стент-графтот внатре во делот опфатен со
ткаенината на друг графт затоа што може да дојде до абразија на ткаенината со оголениот стент и како резултат на
тоа графтот да има дупки во материјалот или искинати шевови.
Внимание: Ако не обезбедите доволно преклопување, може да дојде до одделување на компонентите на стент-
графтот.
Внимание: Не користете стент-графтови пократки од 90 мм на зглоб кој нема поддршка или за поврзување на 2
претходно поставени стент-графтови.
Забелешка: Ин витро тестирањето на издржливост (замор) укажува на тоа дека долгорочната издржливост на
помагалото може да биде компромитирана во услови на прекумерна големина на помагалото или деформација
поврзана со срцеви и респираторни циклуси. Фрактурите на жицата-водилка може да имаат непознати клинички
последици коишто може да вклучуваат, но не се ограничени на, миграција на помагалото, перфорација на крвниот сад,
исклучување на губење на аневризма, лажно проширување на луменот или смрт.
1. Погледнете во Дел 9.3 (Подготовка на торакален стент-графт систем Valiant Navion).
2. Погледнете во Дел 9.4 (Внесување на системот за воведување). Придвижувањето на системот за воведување во
рамките на претходно вградениот стент-графт мора внимателно да го следите под флуороскопија за да бидете
сигурни дека вградениот стент-графт не се поместува.
3. Погледнете го Дел 9.5 (Позиционирање на системот за воведување).
4. Погледнете во Дел 9.6 (Потврдување на позицијата на стент-графтот). Радиографски потврдете дека дисталниот
маркер на проксималниот графт е порамнет со средишниот маркер (помеѓу третиот и четвртиот покриен стент) на
дисталниот графт за да имате минимална оддалеченост на преклопување, освен кога користите стент-графт што е
пократок од 90 мм. Погледнете во Сл. 6, Сл. 12 и Сл. 13. Исто така, потврдете дека маркерите на дополнителните
стент-графтови укажуваат на тоа дека проксималниот и дисталниот крај на покриениот стент-графт се на саканите
локации.
5. Ако користите стент-графт што е пократок од 90 мм за продолжување на опсегот на проксималниот стент-графт,
поставете го работ на материјалот на проксималниот графт на стент-графтот не повеќе од 10 мм проксимално од
работ на материјал на графтот на соседниот стент-графт. За проширување на опсегот на проксималната зона на
поставување повеќе од 10 мм, користете стент-графт со покриена должина ≥ 90 мм. Најпроксималниот стент-графт
мора да ги задоволува барањата на зоната на поставување за FreeFlo (≥ 20 мм) или CoveredSeal (≥ 25 мм).
6. Ако користите стент-графт што е пократок од 90 мм за продолжување на опсегот на дисталниот стент-графт,
поставете го работ на материјалот на дисталниот графт на стент-графтот не повеќе од 10 мм дистално од работ на
материјал на графтот на соседниот стент-графт. За проширување на опсегот на дисталната зона на поставување
повеќе од 10 мм, користете стент-графт со покриена должина ≥ 90 мм. Најдисталниот стент-графт мора да ги
задоволува барањата на дисталната зона на поставување (≥20 мм). Погледнете во Дел 6.1 (Избирање пациент).
7. Погледнете во Дел 9.7 (Поставување на Valiant Navion торакален стент-графт систем).
8. Погледнете во Дел 9.8 (Поставување на механизмот за прицврстување на врвот).
9. Погледнете во Дел 9.9 (Отстранување на системот за воведување).
10. Погледнете во Дел 9.10 (Измазнување на ткаенината на стент-графтот и моделирање на стент-графтот).
452
Упатства за употреба
Македонски

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis