Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Medtronic Valiant Navion Gebrauchsanweisung Seite 448

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Внимание: Започнувањето на воведување на стент-графтот со рачката за ослободување на прицврстувањето на
врвот во отклучена положба (ротирана налево) може да доведе до предвремено отпуштање на проксималниот крај.
9.4. Внесување на системот за воведување
1. Доколку е потребно, отворете ги тесните крвни садови за влез со стандардни перкутани транслуминални катетери
за ангиопластика или дилататори за крвни садови пред да го вградите торакалниот стент-графт Valiant Navion во
согласност со стандардните ендоваскуларни постапки. Доколку е потребно, проширете го крвниот сад со дилататор
за стеснети крвни садови. Пристап на зголемување (т.н. step-up пристап) се препорачува за дилатација на крвен
сад, според мислењето на лекарот.
2. Вметнете го системот за воведување над жицата-водилка. Пред вметнувањето во крвниот сад, активирајте го
хидрофилниот слој со бришење на надворешната површина на облогата на графтот со стерилна газа потопена во
физиолошки раствор, сè додека облогата на графтот не стане лизгава на допир.
Забелешка: За системот за воведување не е потребна посебна обвивка на воведувач за примарното место за
пристап. Ако користите одделна обвивка на воведувач, погледнете го Упатството за употреба доставено со
обвивката на воведувач за повеќе информации.
Внимание: Манипулацијата на жици водилки, балони, катетери и ендографтови во торакалната аорта може да доведе
до васкуларна траума, вклучувајќи ги аортната дисекција и емболизацијата.
Внимание: Не виткајте го, не засукувајте го и не менувајте го на никаков начин системот за воведување пред
вградувањето, затоа што тоа може да предизвика тешкотии при поставувањето.
Внимание: Ако опструкцијата во крвниот сад, како што е заплеткано свиткување, стеноза или формирање на
калцификација, го спречува придвижувањето на системот за воведување, не користете прекумерна сила за да го
придвижите системот за воведување. Мора да ја оцените причината за отпор за да не дојде до оштетување на крвниот
сад или на катетерот за воведување.
Внимание: Не фаќајте ја рачката за ослободување на прицврстувањето на врвот додека го воведувате системот за
воведување.
Предупредување: Не придвижувајте го системот за воведување без да поставите жица-водилка и не отстранувајте ја
жицата-водилка додека системот за воведување е во пациентот.
9.5. Позиционирање на системот за воведување
1. Полека придвижете го системот за воведување до целната зона за поставување.
2. Позиционирајте го системот за воведување следејќи го до целната локација.
Внимание: Избегнувајте да го позиционирате помагалото повисоко во присуство на прекумерна калцификација или
тромб како резултат на зголемен ризик од поместување на материјалот за време на дисталното репозиционирање на
стент-графтот.
Внимание: Избегнувајте или компензирајте за паралаксата или другите извори на грешка во визуелизација.
Внимание: Не придвижувајте го врвот на системот за воведување или жицата-водилка низ аортната валвула.
Внимание: Не фаќајте ја рачката за ослободување на прицврстувањето на врвот додека го позиционирате системот за
воведување.
Забелешка: Може да го следите стент-графот проксимално на целната зона на поставување.
446
Упатства за употреба
Слика 5. Внесување на системот за воведување
Македонски

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis