Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Избирање Пациент, Третман И Избор На Помагало - Medtronic Valiant Navion Gebrauchsanweisung

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Инфекција или треска
Тешкотии при вметнување или отстранување
Меѓуребрена болка
Интрамурален хематом
Едем на нога/едем на стапало
6. Избирање пациент, третман и избор на помагало
6.1. Избирање на пациенти
Факторите за избор на пациент вклучуваат, но не се ограничуваат на:
Годините и животниот век на пациентот
Коморбидитети (на пример, срцева белодробна или бубрежна инсуфициенција пред операцијата, морбидна
дебелина итн.)
Соодветноста на пациентот за отворена хируршка интервенција
Анатомска соодветност на пациентот за ендоваскуларна интервенција
Ризик на руптура на лезијата спореден со ризикот на ендоваскуларна реконструкција
Способност за толерирање на општа, регионална или локална анестезија
Соодветен илијачен или феморален пристап, морфологија на крвен сад, како на пример тромб, формирање на
калциум или тортуозност, којашто е компатибилна со техники, помагала или додатоци за васкуларен пристап
За третман на аневризми и PAU: дијаметар на аорта без аневризма во опсег од 16 мм до 42 мм
За третман на тапи трауматски повреди на аортата: дијаметар на аорта без аневризма во опсег од 16 мм до 44 мм
За третман на дисекции: дијаметар на здрава, незаболена аорта во опсег од 19 мм до 45 мм
Проксимална зона на поставување без аневризма ≥ 20 мм (за FreeFlo конфигурација) и ≥ 25 мм (за CoveredSeal
конфигурација) и должини на дисталниот врат ≥ 20 мм (за FreeFlo и CoveredSeal конфигурации) (фузиформни и
сакуларни аневризми/продорни чирoви).
Проксималната зона на поставување ≥ 20 мм (за FreeFlo конфигурација) и ≥ 25 мм (за CoveredSeal конфигурација)
(тапи трауматски повреди на аортата, дисекции).
6.2. Третман
6.2.1. Индивидуализација на третман
Претходно опишаните предупредувања и мерки на претпазливост во Дел 4 треба внимателно да ги разгледате за секој
пациент посебно пред употребата на торакалниот стент-графт систем Valiant Navion. Треба внимателно да ги
разгледате ризиците и придобивките за секој пациент пред да го употребите торакалниот стент-графт систем Valiant
Navion.
За избирање на соодветната големината на помагалото е одговорен лекарот. Погледнете во Дел 6.3 (Препорачана
големина на помагалото).
Внимание: Прекумерната големина на стент-графтот во однос на дијаметарот на крвниот сад може да предизвика
оштетување на крвниот сад како на пример дисекција, перфорација или руптура. Прекумерната или недоволната
големина исто така може да доведе до ендоистекување од тип I. Земете го предвид извиткувањето на крвниот сад кога
ја одбирате должината на стент-графтот. Сите должини и дијаметри коишто се потребни за да се заврши постапката
треба да му бидат достапни на лекарот ако мерките во предоперативните планирања не се сигурни. Овој пристап
дозволува поголема интраоперативна флексибилност потребна за постигнување на оптимален исход од постапката.
Користењето на непрепорачана анатомска големина на помагалото може да доведе до сериозни несакани последици
во врска со помагалото. Претставник на Medtronic може да се консултира со лекари при утврдувањето на правилните
димензии на компонентата на стент-графтот врз основа на проценката на лекарот за анатомските мерки на пациентот.
Меѓутоа, одлуката за конечниот третман ја донесуваат лекарот и пациентот. Претходно опишаните ризици и
придобивки треба внимателно да се разгледаат за секој пациент посебно пред употребата на торакалниот стент-графт
систем Valiant Navion.
6.2.2. Препорачани вештини и обука
Препорачаните барања за вештини/знаење за лекарите при употреба на торакалниот систем стент-графт Valiant
Navion се наведени подолу:
Избирање на пациенти
Познавање на природното потекло на лезиите на торакална аорта, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на
аневризми на торакална аорта, дисекции на торакална аорта и коморбидитети поврзани со реконструкција на
торакална лезија
Познавање за толкување на снимка, избор на стент-графт и големина
440
Упатства за употреба
Македонски
Васкуларна траума
Дехисценција на рана
Компликации при заздравување на рана
Инфекција на рана

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis