Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Упатство За Употреба - Medtronic Valiant Navion Gebrauchsanweisung

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Едно Упатство за употреба или брошура на интернет
8.3. Чување
Чувајте го системот на собна температура на темно и суво место.
9. Упатство за употреба
9.1. Васкуларен пристап
1. Воспоставување на васкуларен пристап за воведување на системот за воведување преку мал кос засек на
препоните врз артеријата со примарен пристап. Може да се користат илијачни канали за да се обезбеди безбедно
вметнување на системот за воведување. Треба да се користи секундарно место за пристап за дијагноза и снимање.
Секундарното место за пристап го одредува лекарот според неговото мислење.
2. За да се намали ризикот од тромбоемболизам, се препорачува пациентите да бидат антикоагулирани за
времетраењето на постапката за да се постигне времето на активна коагулација од 250 до 300 секунди, според
мислењето на лекарот. Доколку лекарот смета дека е потребно, може да даде терапија на лекови кои спречуваат
агрегација на тромбоцити.
Внимание: Никогаш не движете ја и не повлекувајте ја опремата од васкулатурата без флуороскопија.
9.2. Првичен ангиограм
1. Користете континуирана флуороскопија, напречна жица-водилка од 0,035 инчи (0,89 мм) и градуиран ангиографски
катетер во форма на свинска опашка (преку секундарното место за пристап) за да ги потврдите целните зони на
поставување.
2. Со користење на ангиографски снимки, потврдете ги предоперативните мерења на CT. Погледнете во Таб. 2
низ Таб. 6 за да го потврдите дијаметарот на помагалото.
3. Поставете го ангиографски катетер на место во текот на постапката за да помогнете при утврдувањето на
позицијата на графтот.
Забелешка: Со цел да се подобри визуелизацијата на торакалниот аортен лак, може да изберете ангулација од 45
до 60 степени лева предна коса положба (LAO).
За дисекциите исто така се препорачува да се користи трансезофагеална ехокардиографија (TEE) или
интраваскуларен ултразвук (IVUS).
9.3. Подготовка на Valiant Navion торакалниот стент-графт систем
1. Внимателно проверете го пакувањето на производот за да видите дали има оштетувања или дефекти пред
употреба. Не употребувајте го доколку датумот за рок на употреба е поминат, помагалото е оштетено или е
нарушена стерилната бариера.
Забелешка: Пакувањето на торакалниот стент-графт систем Valiant Navion се состои од стерилна бариера со едно
перниче. Внимателно отворете го перничето и пренесете го системот за воведување во стерилното поле.
2. Додека го држите стеснетиот врв на торакалниот стент-графт систем Valiant Navion повисоко од рачката, измијте ја
облогата на графтот со помош на шприц со хепаринизиран физиолошки раствор преку отворот за испирање.
Нанесувајте постојан притисок на шприцот додека не забележите течност којашто излегува од спојувањето на
облогата на графтот и стеснетиот врв или преку отворите за течност во врвот.
Внимание: Не употребувајте вбризгувач под притисок со отворот за испирање.
Внимание: Ако наидете на тешкотии коишто ве спречуваат целосно да го измиете луменот на облогата на
графтот, не користете го помагалото.
3. Измијте го луменот на жицата-водилка со хепаринизиран физиолошки раствор преку луер конекторот додека не
забележите течност којашто излегува од дисталниот крај на стеснетиот врв.
Внимание: Не фаќајте ја рачката за ослободување на прицврстувањето на врвот додека го измивате системот за
воведување.
4. Проверете дали рачката за ослободување на прицврстувањето на врвот е во заклучена положба. Рачката не смее
да се врти надесно додека е во заклучена положба (Сл. 4).
Слика 4. Рачката за ослободување на прицврстувањето на врвот во заклучена положба
Упатства за употреба
Македонски
445

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis