Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Препораки За Снимања При Контролни Прегледи - Medtronic Valiant Navion Gebrauchsanweisung

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Слика 21. Со фаќање на цевката на жицата-водилка (десно) и цевката за прицврстување на врвот (лево)
7. За да го ослободите проксималниот стент, држете ја цевката на жица-водилка во стабилна положба и повлечете ја
цевката за прицврстување на врвот додека проксималниот стент не биде целосно ослободен од механизмот за
прицврстување на врвот. Набљудувајте го ослободувањето на проксималниот стент под флуороскопија и
потврдете декa стент-графтот е целосно поставен.
8. Со едната рака на предниот држач, држете го системот за воведување, додека со другата рака го држите лизгачот.
Повлечете го чкрапалото и држете го лизгачот во стабилна положба донесувајќи го истовремено предниот држач
кон лизгачот како што е опишано во Отстранување на системот за воведување (Сл. 11).
9. Нежно отстранете го системот за воведување, одржувајќи го затегнувањето во задниот дел на луменот на жицата-
водилка за да го одржите стеснетиот врв поставен во рамките на облогата на графтот. Со помош на флуороскопија
осигурајте се дека стент-графтот не се движи за време на извлекувањето.
11. Препораки за снимања при контролни прегледи
11.1. Општо
Советувајте ги сите пациенти дека ендоваскуларниот третман бара редовни контролни прегледи коишто треба да се
вршат до крајот на животот заради проценка на нивното здравје и работењето на ендоваскуларниот графт. Пациентите
со конкретни клинички наоди (на пример, ендоистекувања, зголемени аневризми, зголемување на лажни лумени или
промени на структурата или позицијата на ендоваскуларниот графт) мора да прават дополнителни контролни
прегледи. Пациентите треба да се советуваат за важноста од придржувањето кон распоредот за контролни прегледи
во текот на првата година и на годишни интервали. Пациентите треба да бидат информирани дека редовните и
постојаните контролни прегледи се исклучително важен дел од обезбедувањето тековна безбедност и ефикасност на
ендоваскуларниот третман на лезии на торакалната аорта. Тука се вклучени: аневризми, сакуларни аневризми,
продорни атеросклеротични чиреви, дисекции и BTAI. Лекарите треба да ги оценат пациентите поединечно и да
одредат контролни прегледи според потребите и околностите на секој поединечен пациент.
Годишни контролни прегледи со снимање може да вклучуваат рендгенско снимање на градите и ангиограм на
компјутеризирана томографија (CTA), со и без контрастно средство.
Комбинацијата на CT снимка со контрастно средство и без контрастно средство обезбедува информации за
промената на дијаметарот на аневризма, ендоистекување, проодност, тортуозност, прогресивна болест, фиксација
на должина и други морфолошки промени.
Рендгенските снимки на градите обезбедуваат информации за интегритетот на помагалото (поделба меѓу
компонентите и фрактурата на стентот).
Во Таб. 10 се наведени препорачаните контролни прегледи со снимање на пациенти со торакалниот стент-графт
Valiant Navion. Лекарот ја има конечна одговорност, врз основа на претходни клинички резултати и целокупната
клиничката слика, да утврди соодветен распоред на снимање за одреден пациент.
Упатства за употреба
Македонски
457

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis