Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Индикации За Употреба - Medtronic Valiant Navion Gebrauchsanweisung

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Внимание: Никогаш не ставајте го проксималниот крај на FreeFlo стент-графтот внатре во делот опфатен со
ткаенината на друг графт затоа што може да дојде до абразија на ткаенината со оголениот стент и како резултат на
тоа графтот да има дупки во материјалот или искинати шевови.
Конфигурација на CoveredSeal права
Оваа конфигурација ги вклучува проксималниот крај и дисталниот крај на CoveredSeal. Во проксималниот крај,
внатрешниот стент со 6 врва (18 Fr или 20 Fr) или со 7 врва (22 Fr) со W-стентот со 12 врва (18 Fr или 20 Fr) или
14 врва (22 Fr) се покриени за да обезбедат дополнителна фиксација одржувајќи проток меѓу крвните садови.
Дијаметрите на проксималниот крај и дисталниот крај на конфигурацијата CoveredSeal права се константни долж
покриената должина на помагалото.
Конфигурација на CoveredSeal стеснета
Оваа конфигурација ги вклучува проксималниот крај и дисталниот крај на CoveredSeal. Во проксималниот крај,
внатрешниот стент со 6 врва (18 Fr или 20 Fr) или со 7 врва (22 Fr) со W-стентот со 12 врва (18 Fr или 20 Fr) или 14
врва (22 Fr) се покриени за да обезбедат дополнителна фиксација одржувајќи проток меѓу крвните садови. Дијаметарот
на проксималниот крај на CoveredSeal стеснетата конфигурација е поголем од дијаметарот на дисталниот крај.
1.2. Систем за воведување
9
10
8
1. Луер конектор
2. Навртка
3. Рачка на лизгачот
4. Чкрапало
5. Преден држач
6. Облога на графт
7. Стопирач на стент
8. Механизам за прицврстување на врвот
9. RO-прстен за маркирање
10. Стеснет врв
11. Заклучување на задна страна
12. Рачка за ослободување на прицврстувањето за врв
13. Стегачки прстен
14. Отвор за испирање
Системот за воведување Valiant Navion се состои од катетер за единствена еднократна употреба со интегрирана рачка
за да може да се контролира поставувањето. Достапен е со надворешен дијаметар од 18, 20, и 22 Fr и работна
должина од 93 cм. Склопот на катетерот е флексибилен и единствено компатибилен со жица-водилка од 0,89 мм
(0,035 инчи).
Флексибилниот стеснет врв е спроведен до крајот на внатрешната мембрана и обезбедува мазна транзиција од
жицата-водилка до надворешната облога на графтот. Надворешните површини на стеснетиот врв и облогата на
графтот се обложени со лубрикантен хидрофилен слој. Штом ќе се активира со стерилна газа потопена во физиолошки
раствор, овој слој го олеснува пристапот до крвниот сад и неговото следење низ анатомијата. Дисталниот RO маркер
го означува работ на облогата на графт под флуороскопија. Отворот за испирање вклучува еднонасочен вентил којшто
го спречува повратниот притисок на течноста за испирање и ја одржува хемостазата во текот на постапката, притоа
овозможувајќи му на системот за воведување да се испира во текот на подготовката на помагалото. Стент-графтот се
поставува со вртење или повлекување на интегрираната рачка на лизгачот. Рачката за ослободување на
прицврстувањето на врвот на задната страна на системот за воведување е отклучена и вовлечена за ослободување на
проксималнот крај на стент-графтот.
2. Индикации за употреба
Торакалниот стент-графт систем Valiant Navion е наменет за третман на болести на десцендентна торакална аорта,
вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на, аневризми, дисекции и контузиони трауматски повреди на аортата (BTAI).
7
6
Слика 2. Систем за воведување
5
4
3
Упатства за употреба
13
12
2
1
14
11
Македонски
435

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis