Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Medtronic Valiant Navion Gebrauchsanweisung Seite 450

Inhaltsverzeichnis

Werbung

2. Намалување на средниот артериски крвен притисок (MAP) - Откако ќе потврдите дека системот за воведување е
правилно поставен, може да биде соодветно за момент да го намалите MAP на пациентот (по налог на лекарот) за
да се избегне ненамерно поместување на торакалниот стент-графт Valiant Navion по извлекувањето на облогата на
графтот.
3. Поставување на проксималниот крај - Прво, држете го системот за воведување статичен со едната рака на сивиот
преден држач. Потоа, со другата рака полека извлекувајте ја облогата на графтот со ротирање на рачката на
лизгачот во насока на стрелката (налево). Можно е да бидат потребни неколку ротации пред облогата на графтот
да се оддели од врвот, визуелизирано со движење на RO маркер-лентите.
Проксималниот крај на стент-графтот ќе биде ограничен со механизмот за прицврстување на врвот. Извлечете ја
облогата на графтот додека не бидат изложени најмалку 2 стента покриени со ткаенина.
Внимание: За стент-графтови што се пократки од 90 мм, важно е да не поставувате повеќе од еден покриен стент
пред да го репозиционирате стент -графтот. Понатамошното поставување на графтот може да ја наруши
способноста за поместување на графтот до посакуваната зона на поставување.
Внимание: Не поставувајте го проксималниот крај на покриениот стент-графт надвор од дисталниот крај на левата
заедничка каротидна артерија.
Внимание: Ако стент-графтот е поставен повисоко од целната зона на поставување, важно е да не поставувате
повеќе од 2 покриени стентови пред да го репозиционирате стент-графтот.
Внимание: Не пуштајте го проксималниот крај со користење на механизмот за прицврстување на врвот пред
целиот стент-графт да биде поставен, затоа што на тој начин може да дојде до неправилно поставување.
Внимание: Погрижете се дека помагалата Valiant Navion се поставени во зоната на поставување без докази за
периферен тромб, интрамурален хематом, улцерација или аневризма. Во спротивно, може да дојде до
несоодветно исклучување или оштетување на крвниот сад, како и перфорација. Погледнете во Дел 6.1 (Избирање
пациент).
Забелешка: Стент-графт со поголем дијаметар не може целосно да биде до крвниот сад додека не бидат
изложени 3 или повеќе покриени стентови.
Забелешка: Ако системот се следи проксимално до целната зона на поставување и повторно се позиционира
откако ќе бидат изложени 2 стента покриени со ткаенина, можно е да биде потребно повторно да се воспостави
позицијата на системот на поголемата крива за да се избегне ненамерното поместување на стент-графтот по
извлекувањето на облогата на графтот.
Забелешка: Во многу малку веројатен случај кога системот за воведување не работи правилно, што доведува до
делумно поставување на стент-графтот, погледнете во Дел 10 (Техники за решавање проблеми).
Забелешка: Системот за воведување треба да се стабилизира и да остане во стабилна положба за време на
поставувањето на стент-графтот. Може да нанесете благ притисок за да ја задржите позицијата.
1. Конфигурација на FreeFlo
2. Конфигурација на CoveredSeal
4. Потврдете ја позицијата - Употребете ангиографија за да ја проверите позицијата на стент-графтот во однос на
саканата локација. Употребете проксимални RO маркери за да ја олесните визуелизацијата на проксималниот крај
448
Упатства за употреба
Слика 7. Поставување на проксималниот крај на стент-графтот
Македонски
1
2

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis