Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Medtronic Valiant Navion Gebrauchsanweisung Seite 451

Inhaltsverzeichnis

Werbung

на покриениот стент-графт. Ако стент-графтот бил поставен повисоко од целната зона на поставување, одржувајте
ја позицијата на рачката на лизгачот и повлечете го целиот систем за воведување додека проксималните RO
маркери коишто го означуваат горниот раб на ткаенина не бидат во саканата положба. Обновете ја позицијата на
системот на поголемата крива.
5. Поставете потсетник на стент-графтот - Продолжете со извлекување на облогата на графтот. За брзо поставување
на стент-графтот, ставете една рака цврсто на предниот држач и држете го системот во стабилна положба. Додека
го држите предниот држач, повлечете го чкрапалото за да ја вклучите функцијата за брзо ослободување на рачката
на лизгачот. Повлечете ја сината рачка на лизгачот подалеку од предниот држач додека RO маркер-лентата на
облогата на графтот не е надвор од дисталниот стент. Ако наидете на прекумерен отпор, пуштете го чкрапалото и
ротирајте ја рачката на лизгачот за да завршите со поставувањето на стент-графтот.
1. Конфигурација на FreeFlo
2. Конфигурација на CoveredSeal
Внимание: Кога го употребувате чкрапалото за брзо поставување на стент-графтот, погрижете се сивиот преден
држач да остане во стабилна положба. Во спротивно, може да дојде до поместување на стент-графтот и до
неправилно поставување.
Внимание: Не ротирајте го системот за воведување за време на поставувањето, бидејќи тоа може да го сврти
системот за воведување и со тоа да се предизвика стент-графтот да ротира за време на поставувањето.
Внимание: Не воведувајте го торакалниот стент-графт систем Valiant Navion кога е делумно поставен и до ѕидот
на крвниот сад.
Внимание: Откако целосно ќе го поставите покриениот дел од стент- графтот, не обидувајте се да ја
приспособувате положбата на стент-графтот.
Внимание: Доколку облогата на графтот е случајно повлечена, стент-графтот прерано ќе се воведе и ќе да биде
неправилно поставен.
Забелешка: Доколку е потребно, може повторно да го позиционирате стент-графтот дистално до посакуваната
локација така што ќе го повлечете ако се поставени не повеќе од 2 проксимални стентови. За стент-графтови
пократки од 90 мм, може повторно да го поставите стент-графтот дистално, ако не е поставен повеќе од еден
проксимален стент.
Забелешка: Поставувањето на стент-графтот во аортниот лак може да ја зголеми силата на поставување. Силите
на поставување може да бидат зголемени со прекумерна тортуозност и мал радиус на аортниот лак.
Забелешка: Во случај на малку веројатното нефункционирање на системот за воведување коешто доведува до
делумно поставување на стент-графтот поради одвојување на облогата на графтот, стент-графтот може успешно
да се постави со техника на „расклопување на рачката". Погледнете во Дел 10.1 (Делумно поставување на стент-
графтот).
9.8. Поставување на механизмот за прицврстување на врвот
1. Со едната рака на предниот држач, одржувајте го системот за воведување во стабилна положба. Ослободете го
предниот притисок пред да се обидете да ја активирате рачката за ослободување на врвот.
Слика 8. Поставување потсетник за стент-графтот
1
2
Упатства за употреба
Македонски
449

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis