Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Medtronic Aptus Heli-FX Gebrauchsanweisung Seite 192

Systeme, bestehend aus den heli-fx führungskathetern, heli-fx applikatoren, endoanchor implantaten und endoanchor kassetten
Inhaltsverzeichnis

Werbung

3. Со помош на флуороскопско насочување, добијте пристап до аортата на пациентот со жица-водилка од 0,89 мм (0,035 инчи) низ местото за феморален пристап.
4. Направете предимплантациска ангиографија за утврдување на локацијата на ендографтот и на релевантната васкуларна анатомија (како големи крвни садови,
утробни крвни садови).
Вметнување на насочувачот Heli-FX
1. Поставете жица-водилка со должина за размена од 0,89 мм (0,035 инчи) преку местото на феморален пристап во посакуваната регија на аортата. Насочувачот Heli-FX
може да се постави преку ипсилатерален или контралатерален пристап.
2. Имплантите EndoAnchor може да се вградат во кое било време во текот на вградувањето на ендографтот; сепак, Medtronic Vascular препорачува да се заврши со
вградувањето на ендографтот пред поставување на имплантите EndoAnchor. Доколку лекарот избере да вгради имплант EndoAnchor со бифуркациски AAA ендографт
пред поставување илијачна екстензија, контралатералниот отвор на ендографтот може да се канулира со помош на стандардна техника. Уверете се дека позицијата
на ендографтот е правилна пред вградување на имплант EndoAnchor.
3. Одберете соодветен насочувач Heli-FX врз основа на дијаметарот на аортата што се третира и регијата во која се засидрува ендографтот. Видете во Табела 3.
4. Со помош на хепаринизиран физиолошки раствор исперете го насочувачот Heli-FX преку отворот за испирање и исперете го оптураторот преку проксималниот луер.
5. Вметнете го оптураторот во насочувачот.
6. Со помош на флуороскопија, поставете ги насочувачот Heli-FX и оптураторот преку жицата-водилка од 0,89 мм (0,035 инчи) и позиционирајте ги во рамките на
посакуваната аортна зона на затворање. Употребете рендгенски видлив маркер во форма на C на дисталниот врв од насочувачот Heli-FX за подобра флуороскопска
визуелизација. За уште подобра визуелизација, користете го линеарниот маркер што е лоциран долж отклонувачкиот врв на ѕидот спротивно од насоката на
отклонување.
Забелешка: Секое активирање на контролниот механизам на проксималниот или дисталниот стент на ендографтот мора да се направи пред поставувањето на
насочувачот Heli-FX за да се обезбеди соодветна апозиција на ендографтот кон зоната на затворање на аортниот врат и за да избегнете интерференција помеѓу
системот Heli-FX и системот на воведување ендографт.
7. Отстранете ја жицата-водилка, а потоа оптураторот за да го минимизирате губењето крв низ хемостатското затворање на насочувачот Heli-FX.
Внимание: По извлекувањето на оптураторот, насочувачот Heli-FX може да се употреби за рачно вбризгување на контрастно средство за да се потврди правилната
позиција на ендографтот пред вградување на имплантот EndoAnchor. Пред секое рачно вбризгување направете аспирација на насочувачот со помош на шприц
прикачен за еднонасочниот вентил на задниот дел од контролната рачка на насочувачот за да спречите потенцијално пропуштање воздух во васкулатурата на
пациентот. Не употребувајте вбризгувач под притисок за вршење ангиографија низ насочувачот Heli-FX.
8. Под флуороскопија, ротирајте го копчето за отклонување на контролната рачка во насоката на стрелките на часовникот за да го придвижите дисталниот врв на
насочувачот Heli-FX кон првата локација на имплантот.
Забелешка: Маркерот „C" на дисталниот крај на насочувачот се формира со рендгенски видлив материјал што допира само околу дел од обемот на луменот. Овој
маркер се појавува како „C" кога е насочен кон интензивирачот на снимката, како полна линија кога е насочен латерално во однос на интензивирачот на снимката и
како „Ɔ" кога е насочен обратно од интензивирачот на снимката. Маркерот „C" помага при соодветното ориентирање на насочувачот во однос на графтот и аортата на
соодветна локација на имплантот EndoAnchor. Исправен рендгенски видлив маркер на дисталниот крај од насочувачот Heli-FX е лоциран на спротивната страна од
насоката на отклонување. Исправениот маркер ја покажува правилната ротациска ориентација на насочувачот пред отклонувањето. Во латералниот видик,
позиционирајте го исправениот рендгенски видлив маркер на спротивната страна од наменетата површина за воведување. Кога копчето за отклонување се ротира,
врвот на насочувачот ќе се отклони во спротивната насока од исправениот маркер. Се препорачува имплантот EndoAnchor да се вгради додека насочувачот се гледа
латерално во однос на интензивирачот на снимката („C" маркерот треба да се појави како полна линија паралелно на графтот и аортниот ѕид како што е прикажано
на Слика 6).
1. Исправен маркер
2. Насока на отклонување на насочувачот
3. Исправен маркер
4. Локација на воведување на имплантот EndoAnchor
Подготовка на поставувачот Heli-FX
1. Одберете ја соодветната должина на поставувачот Heli-FX врз основа на насочувачот што се употребува и на анатомската локација што се третира.
2. За да се вклучи поставувачот Heli-FX цврсто притиснете и држете ја средината на контролното копче за назад (Reverse Control) барем 5 секунди или додека моторот
не започне со работа. Ова ќе иницира секвенца на самопроверка со звуци и видливи зелени светла. Зелената стрелка за наназад ќе светне на крајот од оваа
секвенца покажувајќи дека поставувачот е подготвен за ставање на првиот имплант EndoAnchor. Слика 1 дава илустрација на контролната рачка на поставувачот Heli-
FX.
Внимание: Доколку на крајот на секвенцата на самопроверка светне синото светло, поставувачот Heli-FX наишол на грешка и не треба да се употребува. Синото
светло укажува на внатрешен проблем и дека уредот е нефункционален. Доколку светне синото светло, заменете го поставувачот со нов и повторете ја секвенцата за
негово вклучување.
3. Исперете го внатрешниот лумен на поставувачот Heli-FX со хепаринизиран физиолошки раствор преку отворот за измивање.
4. Ставете го поставувачот со цврсто притискање на средината на контролно копче за назад (Reverse Control). Додека моторот работи, внесете го дисталниот крај на
катетерот од поставувачот во слободен EndoAnchor-имплант отвор на касетата EndoAnchor. Слика 7 покажува примери на слободни и зафатени EndoAnchor отвори.
Зелената стрелка за наназад ќе светне, а имплантот EndoAnchor ќе се вметне од касетата во дисталниот крај на поставувачот Heli-FX. Кога ќе го ставите имплантот
EndoAnchor, ќе чуете 2 звучни сигнали и ќе светне зелената стрелка за нанапред укажувајќи дека првата фаза од поставувањето на имплантот EndoAnchor е
завршена. Имплантот EndoAnchor е сега ставен во поставувачот и поставувачот може да биде отстранет од касетата.
190
Упатства за употреба
Македонски
2
3
4
Слика 6. Насока на отклонување на насочувачот во однос на исправен маркер
1

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Aptus heli-fx endoanchor

Inhaltsverzeichnis