Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Medtronic Aptus Heli-FX Gebrauchsanweisung Seite 194

Systeme, bestehend aus den heli-fx führungskathetern, heli-fx applikatoren, endoanchor implantaten und endoanchor kassetten
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Забелешка: Проценете го успешното навлегување на имплантот EndoAnchor проверувајќи дали врвот на имплантот EndoAnchor може да се види надвор од
структурата на стентот за време на состојбата на пауза.
5. Доколку имплантот EndoAnchor е на посакуваната локација, тогаш завршете ја последната фаза од поставувањето на имплантот EndoAnchor со цврсто притискање на
средината од контролното копче за нанапред. Кога оваа фаза ќе заврши, ќе чуете 3 звуци и зелената стрелка за наназад ќе светне.
Предупредување: Не обидувајте се да поставите имплантот EndoAnchor без прво да се уверите дека поставувачот Heli-FX е цврсто позициониран кон ендографтот и
ѕидот на аортата. Поставувањето на имплантот EndoAnchor без соодветна апозиција може да резултира со слаба фиксација на ендографтот или изместен имплант
EndoAnchor, што може да наложи ендоваскуларна или хируршка интервенција.
Внимание: Под флуороскопија внимателно и полека повлечете го поставувачот Heli-FX настрана од ѕидот на ендографтот за да бидете сигурни дека е ослободен од
поставениот имплант EndoAnchor.
6. Отстранете го поставувачот, оставајќи го насочувачот на место. Под флуороскопија, визуелно потврдете го поставувањето на имплантот EndoAnchor.
Внимание: Полека извлечете го поставувачот од насочувачот за да спречите потенцијално навлегување воздух.
Предупредување: Во случај на прекин на напонот до поставувачот Heli-FX кога имплантот EndoAnchor е веќе делумно воведен во пациент, може да се отстрани со
рачно ротирање на рачката и катетерот налево сè додека имплантот EndoAnchor не се оттргне од ендографтот и ткивото. Поставувачот потоа може да се отстрани од
насочувачот.
7. Исперете ги насочувачот и поставувачот Heli-FX со хепаринизиран физиолошки раствор за да се спречи згрутчување на луменот, според потребите.
8. Внесете го следниот имплант EndoAnchor со повторување на горенаведените чекори.
9. Пред повторно да го позиционирате насочувачот Heli-FX за поставување на дополнителни сидра, исправете го врвот на насочувачот со вртење на копчето за
отклонување спротивно од насоката на стрелките на часовникот. За повторно позиционирање на насочувачот, ротирајте ја контролната рачка за да го придвижите
насочувачот кон следната локација за поставување на имплантот EndoAnchor па отклонете го врвот на насочувачот со вртење на копчето за отклонување во насока
на стрелките од часовникот. Линеарниот маркер на надворешниот лак од отклонувачкиот врв може да се употреби како помош при ротирање на насочувачот со врвот
исправен. Повторете го поставувањето на импланти EndoAnchor доколку е потребно. Погледнете го минималниот препорачан број на сидра дадени во Табела 4
и Табела 5.
Внимание: За да се спречи случајно изместување или движење на ендографтот, секогаш исправајте го отклонувачкиот врв на насочувачот Heli-FX пред да го
ротирате во ендографтот.
10. Отстранете го поставувачот Heli-FX по поставувањето на последниот имплант EndoAnchor. Исправете го насочувачот со вртење на копчето за отклонување налево.
Повторно придвижете го оптураторот низ хемостатското затворање на контролната рачка од насочувачот Heli-FX. Потоа придвижете жица-водилка од 0,89 мм
(0,035 инчи) низ оптураторот.
11. Отстранете ги само насочувачот Heli-FX и оптураторот, оставајќи ја жицата-водилка од 0,89 мм (0,035 инчи) во позиција.
Крај на постапката
1. Направете постимплантациска аортна ангиографија за да го процените вградувањето на EndoAnchor.
2. Проверете дали има ендоистекувања. Доколку забележите ендоистекување, употребете стандардни ендоваскуларни техники за да го решите проблемот. Може да се
стават дополнителни импланти EndoAnchor како што е опишано претходно, доколку е потребно.
3. Проверете дали се правилни локацијата, протокот на крв и проодноста на ендографтот.
4. Отстранете ги жиците-водилки од 0,89 мм (0,035 инчи) и обвивката за феморален пристап (доколку сте употребиле) и затворете ја феморалната артериотомија во
согласност со стандардните практики.
192
Упатства за употреба
Македонски
Слика 8. Правилно поставување на имплант EndoAnchor
Слика 9. Неправилно поставување на имплант EndoAnchor.

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Aptus heli-fx endoanchor

Inhaltsverzeichnis