Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Medtronic Aptus Heli-FX Gebrauchsanweisung Seite 193

Systeme, bestehend aus den heli-fx führungskathetern, heli-fx applikatoren, endoanchor implantaten und endoanchor kassetten
Inhaltsverzeichnis

Werbung

1. Слободен EndoAnchor отвор
2. Зафатен EndoAnchor отвор
Забелешка: Може да се провери дали е ставен имплантот EndoAnchor со визуелна проверка на дисталниот врв на поставувачот Heli-FX.
Вградување на имплантот EndoAnchor
1. Осигурете се дека контролната рачка на насочувачот е во стабилна состојба и вметнете го врвот во наполнетиот поставувач низ хемостатското затворање на
контролната рачка.
2. Позиционирајте го насочувачот на посакуваната локација за поставување на имплантот EndoAnchor (видете Слика 6).
Поставете ги имплантите EndoAnchor во посакуваната зона на затворање, обично во рамките на најпроксималниот или најдисталниот ендографтски стент
Распоредете ги имплантите EndoAnchor што е можно поизедначено околу работ на затворачкиот стент
Препорачаниот минимален број на импланти EndoAnchor се заснова на типот на ендографт (бифуркациски или цевчест), ангулацијата на крвниот сад и
дијаметарот на нативниот крвен сад и тој е независен од степенот на прекумерна големина на ендографт. Препорачаните минимуми се конзервативни, се
засноваат на теоретски најлошо сценарио на моделирање и инкорпорирање на резултатите од забрзаното тестирање на издржливоста за да се демонстрира
способноста на интерфејсот помеѓу имплантот EndoAnchor и ендографтот да го издржи пресметаното циклично воведување. Видете Табела 4 и Табела 5.
Може да се постават дополнителни или помалку импланти EndoAnchor по избор на лекарот. Достапна ви е помошна касета EndoAnchor ако сакате уште 5
дополнителни импланти EndoAnchor (вкупно 15) покрај имплантите EndoAnchor доставени со секој поставувач Heli-FX. за постапки за кои требаат повеќе од 15
импланти EndoAnchor, мора да се користат повеќе поставувачи.
Дијаметар на аортен врат (проксимално или дистално)
Внимание: Имплантите EndoAnchor не треба да се поставуваат во делови каде што не се поддржани ендографтови или делови на графтови каде што стентовите не
се целосно прикачени за ткаенината на графтот.
3. Под флуороскопија, движете го поставувачот низ насочувачот сè додека поставувачот не се појави од дисталниот крај на насочувачот и не дојде во контакт со
ендографтот. Полека продолжете да го движите поставувачот сè додека не почувствувате отпор што е знак дека поставувачот цврсто го притиска ендографтот кон
ѕидот на крвниот сад. Отклонувањето на насочувачот настрана од ендографтот треба да се визуелизира под флуороскопија.
Забелешка: Се препорачува имплантите EndoAnchor да се вградуваат во латерално како што е прикажано на Слика 8. При таквата ориентација, дисталниот C маркер
на насочувачот Heli-FX се појавува како полна права линија. Доколку, по придвижувањето на поставувачот, дисталниот С маркер на насочувачот ја промени формата
од права линија во облик на „С", тоа значи дека поставувачот повеќе не е поставен во нормала во однос на ендографтот (видете Слика 9). Доколку се случи тоа,
силата на апозицијата треба да се намали со мало повлекување на поставувачот, а насочувачот повторно да се позиционира, доколку е потребно тоа. Видете Слика 8
за правилна ориентација на имплантот. Обидот за вградување на импланти EndoAnchor во тангенцијална ориентација може да резултира со потешкотии при
вградувањето и подоптимално фиксирање или затворање на ендографт.
4. За првата фаза од поставувањето на имплантот EndoAnchor, цврсто притиснете ја средината на контролното копче за нанапред (Forward) со употреба на контролната
рачка на поставувачот Heli-FX. Имплантот EndoAnchor делумно ќе се постави и паузира. Треба да чуете четири звучни сигнали, а стрелките за нанапред и наназад ќе
светкаат наизменично што значи дека операторот може да продолжи со поставувањето или извлекувањето на имплантот EndoAnchor назад во поставувачот.
Забелешка: Доколку имплантот EndoAnchor не е на посакуваната локација, цврсто притиснете ја средината на контролното копче за наназад за повторно да го
ставите имплантот EndoAnchor во поставувачот и повторно да го позиционирате поставувачот.
Табела 4. Препорачан минимален број на импланти EndoAnchor – бифуркациски ендографтови
Дијаметар на аортен врат (проксимално)
≤ 29 мм
30-32 мм
Табела 5. Препорачан минимален број на импланти EndoAnchor – цевчести ендографтови
≤ 29 мм
30-32 мм
33-36 мм
37-40 мм
> 40 мм
1
2
Слика 7. Касета EndoAnchor
Ангулација на графт
≤ 60°
4
6
Ангулација на графт
≤ 60°
> 60°-75°
4
4
4
4
4
5
5
6
5
7
Упатства за употреба
Македонски
> 75°-90°
4
5
7
8
9
191

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Aptus heli-fx endoanchor

Inhaltsverzeichnis