100105566_Amulet.book Page 121 Tuesday, May 20, 2014 1:05 PM
жицата за вметнување. Престанете со ротацијата на жицата за вметнување кога ќе
почувствувате отпор.
40. Натопете го уредот во стерилен физиолошки раствор.
41. Влечете ја стегата на жицата за вметнување додека уредот не навлезе во
проксималниот крај на вметнувачот.
Забелешка: Не влечете го уредот кон дисталниот крај на вметнувачот.
42. Отстранете ја жицата за вметнување со ротирање на стегата на жицата за
вметнување спротивно од насоката на стрелките на часовникот.
43. Вратете се на Чекор 9.
Пост-процедурални инструкции
• Надгледувајте го пациентот во текот на ноќта. Направете трансторакална
ехокардиографија (TTE)/контролно испитување со цел да се осигурате дека уредот е
на соодветната позиција и дека нема перикардијална ефузија пред пациентот да биде
отпуштен од болница.
• Се препорачува Аспирин (Aspirin) (или друг алтернативен антитромбоцит) за
пациентите за период од 6 месеци по имплантацијата. Одлуката да се продолжи со
овој режим по 6-месечен период зависи од проценката на лекарот.
• Се препорачува Клопидогрел (Clopidogrel) (или друг алтернативен антитромбоцит) за
пациенти и препишувањето на овој лек треба да биде според стандардната рутинска
грижа.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Се препорачува антикоагулациски и/или антитромбоцитен
режим со цел да се намали ризикот од несакани последици, вклучувајќи и
интракардичен тромб.
• Се препорачува соодветна ендокардична профилакса.
• Упатете го пациентот кога да побара медицинска помош.
• Пропишете стандардна рутинска постпроцедурална грижа и преглед кој вклучува
ехокардиографија за проценка на заостанати отпадни материи и несакани ефекти
(вклучувајќи и формирање на тромб).
• Посетете ја страната to www.amplatzer.com/tempIDcard/ за да ја испечатите
привремената идентификациска картичка на пациентот. Пополнете ја оваа
картичка и предадете му ја на пациентот.
Фрлање
• Пакувањето и упатството за употреба можат да се рециклираат. Фрлете ги сите
материјали од амбалажата на соодветен начин.
• Производот може да се врати на AGA Medical кога треба да се фрли. Контактирајте со
претставник на AGA Medical или returns@amplatzer.com за инструкции.
• Следете ги процедурите за фрлање на цврст биолошки опасен отпад при фрлање на
производот.
Гаранција
AGA Medical Corporation му гарантира на купувачот дека во потврдениот рок на траење
на производот овој производ ќе ги исполнува спецификациите на производот дадени од
страна на производителот, доколку се користи во согласност со упатството за употреба
на производителот и нема да има дефекти во материјалите и изработката. Според оваа
гаранција, корпорацијата AGA Medical е обврзана да го замени или поправи овој производ
по свој избор, во своја фабрика, доколку се врати во рамките на периодот под гаранција и по
утврдувањето дека дефектот е предизвикан од страна на производителот.
ОСВЕН КАКО ШТО Е ЈАСНО Е ПРЕДВИДЕНО ВО ОВАА ГАРАНЦИЈА, AGA MEDICAL
CORPORATION СЕ ОГРАДУВА ОД КАКВО БИЛО ПРЕТСТАВУВАЊЕ ИЛИ ГАРАНЦИЈА ОД
КАКОВ БИЛО ВИД, ИЗРАЗЕНИ ИЛИ ШТО СЕ ПОДРАЗБИРААТ, ВКЛУЧУВАЈЌИ И КАКВА
БИЛО ГАРАНЦИЈА ЗА ТРГУВАЊЕ ИЛИ ПОДГОТВЕНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА ЦЕЛ.
Видите Одредби и услови за продажба за дополнителни информации.
121