Herunterladen Diese Seite drucken

Amplatzer Amulet Gebrauchsanweisung Seite 125

Occluder des linken vorhofohrs

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 42
100105566_Amulet.book Page 118 Tuesday, May 20, 2014 1:05 PM
големината на дискот на избраниот уред. Погледнете ја табелата T2 на задната
корица на печатениот материјал за да ја одредите соодветната големина на уредот за
оклузија на левата атријална аурикула.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Да не се врши имплантација на уредот ако мерките на левата
атријална аурикула не се во рамките на мерките во табелата со големини T2.
Забелешка: Да се осигура дека мерниот систем е соодветно калибриран.
6. Да се подготви обвивката за пренесување за употреба според упатството за
користење од производителот.
7. Подгответе го AMPLATZER™ Amulet™ Оклудер за лева атријална аурикула и
елементите од системот за употреба:
- Проверете ја стерилната торбичка и потврдете дека е неотворена и неоштетена.
Да не се користи уредот или елементите во пакувањето ако стерилната заштита е
компромитирана.
- Нежно отворете го стерилното пакување и проверете дали компонентите се
неоштетени. Не користете оштетени или превиткани компоненти.
- Отстранете ја жицата за вметнување и уредот од пакувањето.
8. По желба, придвижете ја стегата за жицата за вметнување преку самата жица за
вметнување. Зацврстете ја стегата за жицата за вметнување на жицата за
вметнување.
9. Поврзете ги хемостатските вентили со подножјето за вметнувачот и завртете го
ротирачкиот луер-систем за затворање и убаво стегнете го.
10. Вметнувајте го уредот нанапред сѐ додека крајната дистална глава е израмнета со
дисталниот крај на вметнувачот.
11.
Наполнете еден 35-cc шприц со стерилен физиолошки раствор. Поврзете го
шприцот со хемостатскиот вентил. Потопете го уредот во стерилен физиолошки
раствор. Вбризгајте го стерилниот физиолошки раствор низ вметнувачот и
истовремено зацврстувајте го хемостатскиот вентил на жицата за вметнување.
Наполнете го шприцот и вбризгајте стерилен физиолошки раствор низ вметнувачот
уште двапати.
Забелешка: Во текот на додатното вбризгување, осигурајте се дека не
навлегува воздух во системот.
Забелешка: Цевководот на вметнувачот може и да се измасира со цел да се
истисне воздухот.
Забелешка: Во текот на овие чекорите 11–15 осигурајте се дека врвот на
полначот е потопен во стерилен физиолошки раствор во текот на целото
време за да не навлезе воздух во вметнувачот.
12. Целосно извлечете го клипот од шприцот додека го придржувате другиот дел на
шприцот. Дозволете извесно време стерилниот физиолошки раствор целосно да го
наполни шприцот.
13. Притискајте го клипот на шприцот нанапред со цел да се истисне стерилниот
физиолошки раствор преку вметнувачот.
Забелешка: Во текот на овој процес, мало количество на воздух може да се
акумулира во шприцот. Држете го шприцот во исправена положба и осигурајте
се дека не навлегува воздух во вметнувачот.
14. Одново промијте ја направата, следејќи ги чекорите 12 и 13.
Забелешка: Ако има видлив воздух во вметнувачот, можат да се спроведат
дополнителни чекори за промивање, како што е опишано во чекорите 11-14 или
уредот може да биде отстранет од вметнувачот и извадена од жицата за
вметнување. Одново наполнете го уредот, следејќи ги чекорите 34–43.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не ја повлекувајте го уредот наназад.
15. Извлечете го клипот од шприцот за да го наполните со стерилен физиолошки
раствор, со цел да воспоставите флуид-со-флуид конекција со обвивката за
пренесување.
118

Werbung

loading