Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Amplatzer Amulet Gebrauchsanweisung Seite 127

Occluder des linken vorhofohrs
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 42
100105566_Amulet.book Page 120 Tuesday, May 20, 2014 1:05 PM
(види F5).
28. Потврдете дали уредот е правилно поставен користејќи ехокардиографија и
флуороскопија. Индикациите за правилно поставен уред се:
- Местоположбата на заоблениот дел од уредот мора да биде конзистентен со
оската од целната крајна зона во левата атријална аурикула (види графикон F4–
F6).
- Заоблениот дел од уредот треба да биде благо компресиран и да има добра
апозиција кон ѕидот на левата атријална аурикула.
- Дискот треба да има конкавна форма.
- Дискот мора да биде одвоен од заоблениот дел (види F4).
- Најмалку 2/3 од заоблениот дел на уредот треба да биде дистален кон левата
обвивачка артерија на ехокардиографот (види F6).
29. Доколку е потребно повторно позиционирање на уредот:
- Делумно да се префати уредот со повлекување на жицата за вметнување за да се
повлече дискот и дел од закривениот дел од уредот додека одново се проврува
нанапред обвивката за пренесување, сѐ додека платинестиот навоен маркер е
изедначен со дисталниот раб на маркирните ленти од жицата за вметнување
(види F3). Не го повлекувајте уредот повеќе од тоа, со цел да се спречи
оштетување на обвивката за пренесување.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако уредот е повлечен подалеку од маркерите непровидни
за рентгенски зраци, уредот да не се вметнува одново, ниту пак да се инјектира.
Уредот и обвивката за пренесување мораат да бидат отстранети и заменети.
- Репозиционирање и разместување на уредот (види чекори 23–28).
Забелешка: Уредот може да биде делумно префатен и поместен најмногу 3
пати. Ако положбата на уредот е сеуште незадоволителна, тогаш отстранете
ги и уредот и обвивката за пренесување.
30. Изведете ехокардиографија и флуороскопија со цел да потврдите дека уредот е на
место.
31. Кога е потврдена соодветната положба на уредот, уредот може да се ослободи:
- Одделете го уредот со вртење на жицата за вметнување/стегата на жицата за
вметнување во обратна насока од стрелките на часовникот.
ВНИМАНИЕ: Не правете повеќе од 8 ротации. Ако се јави потешкотија при обид да
се ослободи уредот, запрете и ослободете го насобраниот притисок. Движете ја
жицата нанапред додека не е поставена вертикално со уредот и обидете се да ја
ослободите.
32. Отстранете ги жицата и обвивката за пренесување од пациентот.
33. Изведете ехокардиографија и флуороскопија со цел да потврдите дека уредот
останува на место.
Процедура за повторно вметнување на уредот
34. Вметнете ја жицата за вметнување со дисталниот врв на вметнувачот.
35. Прикачете го навојот на дисталниот крај на жицата за вметнување.
36. Ротирајте ја жицата за вметнување во правец на стрелките на часовникот додека не
почувствувате отпор, осигурувајќи се дека жицата за вметнување е прицврстена за
уредот.
37. Потопетего уредот и крајот од вметнувачот кај подножјето во стерилен физиолошки
раствор со цел да го отстраните воздухот од обете компоненти. Воздухот може да
се отстрани и со благо масирање на уредот.
38. Влечете ја стегата на жицата за вметнување додека заоблениот дел е целосно
извлечен во вметнувачот, но запрете пред да навлезе дискот.
39. Поврзете ја жицата за вметнување со експонираниот навој на проксималниот крај
на уредот. Држете ги вметнувачот и уредот, а потоа ротирајте ја жицата за
вметнување во насока на стрелките на часовникот за да ја вденете направата на
120

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis