Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Medtronic Melody Gebrauchsanweisung Seite 142

Transkatheter-pulmonalklappe
Inhaltsverzeichnis

Werbung

5. Пополека свиткајте го транскатетерскиот пулмонарен залисток на балонот така што ќе притискате со прстите и ќе
вртите за да нанесете еднаков притисок на сите страни на транскатетерскиот пулмонарен залисток за да го
продолжите стентот. Собирајте само додека повеќе не чувствувате движење на системот за воведување.
Не виткајте или вртете го транскатетерскиот пулмонарен залисток.
Погрижете се синиот конец да биде во близина на синиот врв на системот за воведување, за
транскатетерскиот пулмонарен залисток да има правилна насока за воведување.
6. Внимателно лизнете ја обвивката над транскатетерскиот пулмонарен залисток и балоните, погрижувајќи се да не ги
фатите круните на отворот за излевање од транскатетерскиот пулмонарен залисток во обвивката додека ја
придвижувате над транскатетерскиот пулмонарен залисток. Измијте ја обвивката со користење на страничниот
отвор за да го отстраните воздухот од системот за воведување. Продолжете да ја придвижувате обвивката и да ја
миете додека обвивката совршено не се вклопи на проксималниот крај на синиот врв.
Забелешка: Проверете дали синиот конец е во близина на синиот врв на системот за воведување.
7. Отстранете го венскиот дилататор од местото на пристап и придвижете го системот за воведување над жицата-
водилка. Внимателно воведете го системот за воведување низ кожата и придвижете го кон местото за вградување.
Ако забележите крвавење во местото за пристап до вената, придвижете го ракавот на проксималниот крај на
вретеното во вената за да го запрете крвавењето. Придвижете го системот за воведување до местото каде што
треба да биде воведен транскатетерскиот пулмонарен залисток. За ова се потребни манипулации на системот за
воведување и жицата-водилка. Секогаш одржувајте соодветна позиција на жицата-водилка.
8. Откријте го транскатетерскиот пулмонарен залисток откако ќе го достигне нивото на местото за вградување.
Држете ја прицврстено осовината на системот за воведување и влечете ја наназад надворешната обвивка.
Транскатетерскиот пулмонарен залисток е целосно откриен кога отворот за миење на надворешната обвивка е
порамнет со проксималниот маркер на осовината на системот за воведување. Додека го откривате, погрижете се
дека нема случајно движење на транскатетерскиот пулмонарен залисток што би можело да доведе до губење на
соодветната позиција на транскатетерскиот пулмонарен залисток.
9. Откако транскатетерскиот пулмонарен залисток ќе биде целосно откриен, поврзете шприц со чисто контрастно
средство до отворот за миење на системот за воведување. Вбризгајте мало количество на контрастно средство за
да потврдите дека транскатетерскиот пулмонарен залисток е во добра положба и дека обвивката е целосно
извлечена. Можни се дополнителни помали приспособувања на позицијата на транскатетерскиот пулмонарен
залисток во овој момент.
10. Надувајте го внатрешниот балон откако ќе го надуете надворешниот балон. Откако правилно ќе го поставите
транскатетерскиот пулмонарен залисток на местото за вградување, издишете ги балоните и внимателно
отстранете го системот за воведување.
11. Измерете го RV-PA притисокот. Ако постои значителен градиент, извршете дилатација на балон со балон со висок
притисок за да го минимизирате градиентот.
12. Споредете го притисокот на RV со системскиот притисок измерен преку артериски пристап.
13. Вбризгајте го контрастно средство во проксималниот главен PA (или дистален RVOT) за да ги утврдите функцијата
и позицијата на залистокот. Погрижете се залистокот да не биде оставен отворен од жицата-водилка и системот за
воведување, затоа што ова може да даде погрешен впечаток на пулмонарна регургитација.
14. Отстранете ги катетерите, жиците-водилки и обвивките додека одржувате хемостаза.
Забелешка: Системот за воведување е за еднократна употреба и е наменет за надувување само еднаш. Немојте
да го користите системот за воведување за проширување на транскатетерскиот пулмонарен залисток по првичното
вградување. Транскатетерскиот пулмонарен залисток може да се прошири по поставувањето со користење на
различен балон-катетер. За да го намалите ризикот од создавање регургитација, не надминувајте ја максимална
препорачана големина прикажана во Таб. 1.
Забелешка: Периферното кинење на балон-катетерот за воведување пред да го завршите проширувањето на
транскатетерскиот пулмонарен залисток може да предизвика балонот да остане прикачен на транскатетерскиот
пулмонарен залисток и ќе биде потребно хируршко отстранување. Ако дојде до кршење на балон со соодветна
големина по проширувањето на транскатетерскиот пулмонарен залисток, може да го повлечете балонот и да
размените нов балон-катетер преку жицата-водилка за да го завршите проширувањето на транскатетерскиот
пулмонарен залисток.
140
Упатства за употреба
Македонски

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

EnsembleEnsemble ii

Inhaltsverzeichnis