Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Medtronic Melody Gebrauchsanweisung Seite 136

Transkatheter-pulmonalklappe
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Клинички или биолошки знаци на инфекција
Активен ендокардит
Сознание за алергија на аспирин или хепарин
Бременост
4. Предупредувања и мерки на претпазливост
Обука за лекари: Лекарите се обврзани успешно да ја завршат програмата за обука на лекари/центри што ја
организира Medtronic пред да ги користат транскатетерскиот пулмонарен залисток Melody™ и системите за
воведување Ensemble™ или Ensemble™ II.
Работен век на помагалото: Транскатетерскиот пулмонарен залисток Melody™ се користи при палијативен третман
на спроводници на RVOT или при дисфункција на биопротетски залисток со цел да се одложи следната хируршка
интервенција. Кај некои пациенти се потребни повторна интервенција или замена на залистокот, а времето за тоа
зависи од неколку фактори.
4.1. Предупредувања
4.1.1. Транскатетерски пулмонарен залисток
Помагалото е наменето за употреба само кај еден пациент. Производот не треба да се користи повторно, да се
обработува повторно, ниту да се стерилизира повторно. Повторната употреба, обработка или стерилизација може да
го загрозат структурниот интегритет на помагалото и / или може да создадат ризик од контаминација на помагалото,
што пак може да предизвика повреда, болест или смрт на пациентот.
Транскатетерскиот пулмонарен залисток не треба повторно да го стерилизирате со кој било метод.
Изложувањето на помагалото и садот на зрачење, пареа, етилен оксид или други хемиски средства за стерилизација
ќе го направи помагалото непогодно за употреба.
Немојте да го употребувате помагалото ако:
Помагалото има паднато, е оштетено или неправилно се ракувало со него на каков било начин
Истечен е рокот на траење
Сите безбедносни печати против неовластено ракување се оштетени
Ознаката со серискиот број на транскатетерскиот пулмонарен залисток не се совпаѓа со серискиот број на
етикетата на садот
Прозорецот со показател за температура на испорака во картонската кутија за складирање е со црна боја. Ако
показателот за температура на испорака свети со црна боја, транскатетерскиот пулмонарен залисток не е погоден
за клиничка употреба.
Растворот за складирање не го покрива целосно помагалото или има траги од протекување
Не изложувајте го помагалото на други раствори освен на растворите за чување и плакнење.
Не додавајте антибиотици во растворите за чување или плакнење. Не додавајте антибиотици на помагалото.
Не дозволувајте помагалото да се исуши. Одржувајте ја влажноста на ткивото со навлажнување или потопување.
Не обидувајте се да го поправате оштетеното помагало.
Не ракувајте со и не употребувајте пинцети за да манипулирате со ткивото на листот на залистокот.
Не користете пинцети за да манипулирате со стентот.
Немојте прекумерно да го проширувате помагалото над максималната препорачана големина како што е прикажано
во Таб. 1, затоа што ова може да доведе до регургитантен транскатетерски пулмонарен залисток.
4.1.2. Систем за воведување
Помагалото е наменето за употреба само кај еден пациент. Производот не треба да се користи повторно, да се
обработува повторно, ниту да се стерилизира повторно. Повторната употреба, обработка или стерилизација може да
го загрозат структурниот интегритет на помагалото и / или може да создадат ризик од контаминација на помагалото,
што пак може да предизвика повреда, болест или смрт на пациентот.
Не проширувајте го балонот значително над дијаметарот на опструктивниот сад и планираното место за вградување.
Не користете воздух или каква било гасовита супстанција како средство за дуење на балонот.
Ако наидете на отпор, не придвижувајте ги нанапред жицата-водилка, катетерот за проширување на балонот или која
било друга компонента без претходно да утврдите која е причината за отпорот и да ја отстраните.
Не отстранувајте ја жицата-водилка од системот за воведување за време на процедурата.
134
Упатства за употреба
Македонски

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

EnsembleEnsemble ii

Inhaltsverzeichnis