Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Medtronic Melody Gebrauchsanweisung Seite 138

Transkatheter-pulmonalklappe
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Хематом
Еритем предизвикан од зрачење, меури или лупење на кожата
Болка, оток или модринки на местото за катетеризација
Во следнава листа се вклучени можните негативни последици коишто може да настанат по вградувањето на
транскатетерскиот пулмонарен залисток:
Кршење на стентот
1
Кршењето на стентот предизвикува повторлива опструкција
Ендокардит
Емболизација или миграција на транскатетерскиот пулмонарен залисток
Валвуларна дисфункција (стеноза или регургитација)
Паравалвуларно протекување
Валвуларна тромбоза
Белодробна тромбоемболија
Хемолиза
6. Информации за пациентот
6.1. Информации за антикоагулација/антитромбоцитна терапија
На пациентите може да им биде потребна антикоагулација и/или антитромбоцитна терапија за неопределен период во
зависност од состојбата на пациентот.
6.2. Идентификација и справување со кршење на стентовите
Можноста за кршење на стентот треба да се земе предвид кај сите пациенти на коишто им се извршува поставување
на транскатетерски пулмонарен залисток, без разлика на претходно споменатите или последователно опишаните
фактори на ризик.
6.2.1. Идентификација
За пациентите кај коишто се јавува значително зголемување на степенот на опструкција на RVOT , треба да се земе
предвид и да се оцени можноста на поврзано кршење на стентот. Треба да се опфати радиографска проценка на
стентот со радиографија или флуороскопија на гради во рутинската постпроцедурална евалуација на пациенти коишто
примиле транскатетерски пулмонарен залисток .
6.2.2. Справување
Ако забележите дека стентот е скршен, треба да се изврши набљудување на стентот во согласност со клинички
соодветна хемодинамичка проценка. Кај пациенти со скршен стент и значителна поврзана опструкција на RVOT или
регургитација, повторна интервенција треба да се земе предвид во согласност со вообичаената клиничка практика.
Повторната интервенција може да опфати вградување на дополнителен транскатетерски пулмонарен залисток
Melody™ или замена на хируршкиот спроводник. Имајте предвид дека се достапни ограничени податоци во клиничките
студии за Melody™ во врска со повторно вградување на друг транскатетерски пулмонарен залисток Melody™ во
првичниот транскатетерски пулмонарен залисток Melody™.
6.3. Ендокардит
Ендокардит е можна негативна последица поврзана со сите биопротетски залистоци (Дел 5). Пациентите треба да им
дадат до знаење на здравствените работници дека имаат биопротетски залисток пред каква било процедура.
Забележан е мал број на појави на можен ендокардит кај пациенти со вграден транскатетерски пулмонарен залисток
Melody™. Необјаснета, долготрајна треска може да биде показател на инфекција, а пациентите коишто се во ваква
состојба треба да се посоветуваат да побараат лекарска помош.
Се препорачува терапија со профилактички антибиотици за пациенти со вграден транскатетерски пулмонарен залисток
Melody™ на коишто треба да им се извршуваат стоматолошки процедури.
6.4. Ознаки за следење
Ознаките за следење на производот се обезбедени само за болничка употреба и не треба да се враќаат на Medtronic.
6.5. Информации за регистрација
Образецот за регистрација на пациент е вклучен во пакувањата на транскатетерскиот пулмонарен залисток за земјите
за коишто е потребна регистрација на пациент.
1
Терминот „кршење на стент" се однесува на кршење на транскатетерскиот пулмонарен залисток Melody™. Меѓутоа, кај пациенти со повеќе стентови во RVOT, тешко е кршењето на стентот со
сигурност да се поврзе со рамката Melody™, а не со друг стент.
136
Упатства за употреба
Македонски

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

EnsembleEnsemble ii

Inhaltsverzeichnis