4
3
2
Fig. 6: Водено поставување, преносливо
6.4.5
Управување со нивото
Упатство за вградување и работа Wilo-Rexa CUT GE
Инсталација и електрично поврзување
НАПОМЕНА
Проблеми со пумпање поради прениско ниво на водата
Кога транспортираниот медиум тоне предлабоко, може да дојде до
прекинување на протокот на медиумот. Понатаму може да се појават
меурчиња во хидрауликата, коишто може да предизвикаат неправилна работа.
Минималното ниво на водата мора да биде до горниот раб на хидрауличното
куќиште!
Пумпата треба да биде опремена со ногалка за пумпа за да може да се направи со
преносливо поставување. Ногалката на пумпата гарантира минимален зазор од
подот во вшмукателното подрачје и овозможува безбедна позиција на цврста
основа. Благодарение на тоа, во работната просторија/местото на поставување,
возможна е секоја позиција на пумпата. За да избегнете тонење на пумпата
поради мека основа, местото на поставување мора да е доволно тврдо. Од
притисочната страна се приклучува притисочно црево. Пумпата треба да биде
прицврстена за подот во случај на подолго работно време. Така се спречуваат
вибрации и се гарантира мирна работа со малку абење.
ВНИМАНИТЕЛНО! Ако моторот е непотопен додека работи, придржувајте се до
начинот на работа за непотопена работа (S2-30, S3 25%*)!
* Кога моторот ќе се излади по повторното вклучување, дозволен е работен
режим S3 50 %! За да се олади, моторот мора да биде потопен целосно најмалку
1 минута!
Работни чекори
1
Ногалка на пумпа
5
2
Лак на цевка со приклучок за црево или за Storz-цврста спојка
6
3
Storz‐цевна спојка
S1
4
Притисочно црево
5
Опрема за подигнување
6
Точка на подигнување
Начин на работа, непотопено: Внимавајте на податоците од натписната
S*
S*
плочка!
‡
Монтирајте ја ногалката на пумпата.
1
‡
Подгответе ја притисочната врска: Намонтирајте лак на цевка со приклучок за
црево или лак на цевка со Storz-спојка.
1. Опремата за подигнување треба да биде прицврстена со стремен за точката
на подигнување на пумпата.
2. Подигнете ја пумпата и поставете ја на предвиденото место (шахта, јама).
3. Поставете ја пумпата на цврста основа. ВНИМАНИТЕЛНО! Мора да се избегне
тонење на пумпата!
4. Поставете го притисочното црево и прицврстете го на место (пр. за одвод).
ОПАСНОСТ! Доколку се прекине протокот или се откачи притисочното
црево, може да се предизвикаат (тешки) повреди!Прицврстете го
притисочното црево со испустот.
5. Водот за снабдување со струја треба да биде професионално поставен.
ВНИМАНИТЕЛНО! Не оштетувајте го водот за снабдување со струја!
▶ Кога ќе ја поставите пумпата, електричарот може да ја поврзе за струја.
ОПАСНОСТ
Опасност од експлозија поради неправилна инсталација!
Кога е монтирано управување со нивото во рамките на подрачје во кое постои
опасност од експлозија, сигнализаторот се поврзува преку разделни релеа за
експлозија или ценер-бариера. Постои опасност од експлозија кога
приклучувањето е неправилно! Приклучувањето мора да го направи стручен
електричар.
mk
837