4.3
Работни режими
4.4
Работа со фреквентен
конвертор
4.5
Работа во експлозивни
атмосфери
Упатство за вградување и работа Wilo-Rexa CUT GE
Опис на производот
Легенда: − = нема на располагање/можно е, o = изборно, • = во стандардна
изведба
Сите уреди за надгледување на располагање мора секогаш да бидат
приклучени!
Надгледување на просторијата на моторот
Надгледувањето на просторијата на моторот ја штити намотката на моторот од
краток спој. Влагата се открива преку електрода.
Надгледување на намотка на мотор
Термичкото надгледување на моторот ја штити намотката на моторот од
прегревање. Стандардно се вградува ограничување на температурата со
биметален сензор. Регистрирањето температура може изборно да се изведе на
следен начин:
▪ Со PTC-сензори
▪ Како регулирање на температура
Затоа е возможно регистрирање на две температури. Кога пониската температура
е достигната, може да следува автоматско повторно вклучување на моторот
откако се изладил. Штом се достигне високата температура, мора да следува
исклучување со блокада од повторно вклучување.
Надворешно надгледување на заптивната комора
Заптивната комора може да се опреми со надворешна електрода за заварување.
Електродата регистрира навлегување на медиум преку механичката заптивка од
страната на медиумот. Преку управувањето на пумпата може да се активира
аларм или да се направи исклучување на пумпата.
Работен режим S1: Континуирана работа
Пумпата може да работи континуирано под номинално оптоварување без да се
надмине дозволената температура.
Работен режим S2: Карткотрајна работа
Макс. работа е дадена во минути, пр. S2-15. Паузата смее да трае помалку од 2 К
на температурата на машината од температурата на разладното средство.
Работен режим S3: Наизменична работа
Со овој работен режим се опишува префрлување во однос на времето на работа и
времето на мирување. Дадената вредност (пр. S3 25 %) базира на времето на
работа. Префрлувањето трае 10 минути.
Ако се дадени две вредности (пр. S3 25 %/120 s), првата вредност се базира на
времето на работа. Втората вредност го дава максималното време на
префрлувањето.
Дозволена е работа на фреквентен конвертор. Земете ги предвид и внимавајте на
соодветните побарувања во прилог!
Одобрение според ATEX
Одобрение според FM
Одобрение според CSA-Ex
Легенда: - = нема на располагање/можно е, o = изборно, • = во стандардна
изведба
За да се употребува во експлозивни атмосфери, натписната плочка на пумпата
мора да биде означена со:
▪ Симболот „Ex" за соодветното одобрение
▪ Класификација за експлозија
Земете ги предвид и внимавајте на соодветните побарувања што се дадени во
поглавјето за заштита од експлозии во Упатството за вградување и работа!
mk
P 13
P 13
•
•
-
829