Herunterladen Diese Seite drucken

Wilo Rexa CUT GE Einbau- Und Betriebsanleitung Seite 838

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für Rexa CUT GE:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 4
mk
6.4.6
Заштита од работа на суво
6.5
Електрично поврзување
6.5.1
Осигурувач од страна на
мрежата
838
Инсталација и електрично поврзување
Актуелното ниво се одредува со помош на управување со нивото и пумпата
автоматски се вклучува и исклучува во зависност од нивото. Нивото се добива
преку различни видови сензори (пливачки прекинувач, притисочни или
ултразвучни мерења или електроди). Треба да внимавате на следново кога
употребувате управување со нивото:
▪ Пливачкиот прекинувач може да се движи слободно!
▪ Не смее да се спушта под минималното ниво на водата!
▪ Не смее да се пречекорува максималното ниво на зачестеност на вклучување!
▪ Кога нивоата варираат многу, се препорачува управување со нивото со две мерни
точки. Така може да се појават големи диференцијални растојанија.
Заштитата од работа на суво мора да спречи пумпата да работи без медиум и да
не навлезе воздух во хидрауликата. Затоа мора да се одреди минилано
дозволеното ниво со помош на сигнализатор. Штом се достигнате претходно
дадената гранична вредност, пумпата мора да се исклучи по соодветното
известување. Заштитата од работа на суво може да ги продолжи постоечките
управувања со нивото за дополнителна мерна точка или да работи како
единствниот уред за исклучување. Во зависност од безбедноста на постројката,
повторното вклучување на пумпата може да биде автоматски или рачно. За
оптимална работна сигурност, се препорачува инсталација на заштита од работа
на суво.
ОПАСНОСТ
Опасност по животот од струен удар!
Неправилното ракување со електриката може да доведе до смрт поради
струен удар! На електриката треба да работи стручен електричар следејќи ги
локалните прописи.
ОПАСНОСТ
Опасност од експлозија поради неправилно приклучување!
• Електричниот приклучок на пумпата секогаш се изведува надвор од
подрачјето со опасност од експлозија. Ако приклучувањето мора да биде
во рамките на подрачјето со опасност од експлозија, треба да се изведе во
куќиште одобрено за експлозивни подрачја (вид на заштита согласно DIN
EN 60079-0)! Ако не внимавате, постои опасност по животот поради
експлозија!
• Поврзете проводник за еднаков потенцијал на означениот терминал за
заземјување. Терминалот за заземјување треба да биде во подрачјето на
водот за снабдување струја. За проводникот за еднаков потенцијал треба
да се употреби кабел со пресек согласно локалните прописи.
• Приклучувањето мора секогаш да го прави стручен електричар.
• Внимавајте и на дополнителните информации во поглавјето за заштита од
експлозии во прилог на ова Упатство за вградување и работа во однос на
електричното поврзување!
▪ Приклучувањето на мрежата мора да соодветствува на податоците од натписната
плочка.
▪ Напојувањето на трифазниот мотор од страна на мрежата е со вртежно поле во
насока на часовникот.
▪ Кабелот за поврзување мора да е поставен согласно локалните прописи и да е
поврзан според шемата на жиците.
▪ Приклучете уреди за надгледување и проверете дали функционираат.
▪ Изведете го заземјувањето согласно локалните прописи.
WILO SE 2019-02

Werbung

loading