Herunterladen Diese Seite drucken

Wilo Rexa CUT GE Einbau- Und Betriebsanleitung Seite 832

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für Rexa CUT GE:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 4
mk
Fig. 2: Точка на подигнување
5.3
Складирање
832
Транспорт и лежиште
ВНИМАНИТЕЛНО
Намокрената амбалажа може да се искине!
Производот може да падне на под и да се искрши. Внимателно подигнете ја
намокрената амбалажа и веднаш заменете ја!
За да не се оштети пумпата при транспорт, амбалажата се отстранува само на
локацијата на нејзино поставување и примена. Употребените пумпи што треба да
се испорачаат треба да бидат спакувани во отпорни и доволно големи пластични
ќеси.
Освен тоа, внимавајте и на следново:
▪ Придржувајте се до важечките национални безбедносни прописи.
▪ Употребувајте само законски пропишана и дозволена опрема за подигнување.
▪ Опремата за подигнување треба да се избере на основа на условите на
располагање (времето, точката на подигнување, товарот итн.).
▪ Опремата за подигнување прицврстувајте ја само на точката предвидена за
подигнување. Можете да ја прицврстите со помош на стремен.
▪ Употребувајте опрема за подигнување со доволна носивост.
▪ Треба да биде загарантирана стабилноста на опремата за подигнување додека се
употребува.
▪ Кога се употребува опремата за подигнување, мора да биде присутно и второ
лице коешто ќе координира кога е потребно (пр. попречен поглед).
ОПАСНОСТ
Ризик од медиуми опасни по живот!
Кога пумпата се употребува со медиуми опасни по животот, треба да се
деконтаминира по демонтажа со се сите нејзини делови! Постои опасност по
животот! Внимавајте на податоците за работните правила! Раководителот
мора да се осигури дека персоналот се придржува и ги разбира работните
правила!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Дограден алат за сечење: остри рабови на плочата за сечење и на
ротирачкото сечиво!
Алатот за сечење може да ви ги исече екстремитетите! Носете заштитни
ракавици против исекотини и не фаќајте го алатот за сечење!
ВНИМАНИТЕЛНО
Дефектен алат за сечење поради околни предмети!
Тврдите околни предмети може да го оштетат алатот за сечење! Внимавајте
при поставувањето алатот за сечење да не се судира со никакви околни
предмети.
ВНИМАНИТЕЛНО
Целосно оштетување поради влага
Доколку водот за снабдување со струја се оштети од влага, ќе се оштети и
пумпата! Крајот на водот за снабдување со струја не смее да се потопува во
течности и треба да биде добро затворен кога е складиран.
WILO SE 2019-02

Werbung

loading