mk
9.5
Мерки на одржување
9.5.1
Препорачани мерки за
одржување
9.5.2
Визуелна проверка на кабелот
за поврзување
9.5.3
Визуелна проверка на опрема
850
Сервисирање
Ако ја употребувате пумпата во отежнати услови, се препорачува одредување и
договарање на процесот на одржување. Обратете се кај службата за односи со
корисниците.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Дограден алат за сечење: остри рабови на плочата за сечење и на
ротирачкото сечиво!
Алатот за сечење може да ви ги исече екстремитетите! Носете заштитни
ракавици против исекотини и не фаќајте го алатот за сечење!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Повреди по рацете, нозете или очите поради заштитна опрема што
паѓа!
Постои опасност од (тешки) повреди додека се работи. Носете ја следната
заштитна опрема:
• Безбедносни ракавици за заштита од исекотини
• Заштитни чевли
• Затворени заштитни очила
Пред да почнете со мерките за одржување, мора да ги исполните следните
предуслови:
▪ Пумпата треба да се излади на температура на околината.
▪ Пумпата треба да биде темелно исчистетена и (по потреба) дезинфицирана.
За работата да биде непречена, се препорачува редовна контрола на
потрошувачката на струја и на работниот напон за сите три фази. При нормална
работа овие вредности не се менуваат. Можни се лесни вибрации во зависност од
својствата на медиумот. Потрошувачката на струја може да биде индикатор за
предвремено препознавање и отстранување на оштетувања или грешки во
функциите на работното коло, лежиштето или моторот. Поголемите варијации на
напонот ја оптоваруваат намотката на моторот и можат да предизвикаат
расипување на пумпата. Редовната контрола може да помогне да се избегнат
големи оштетувања како последица, а исто така опаѓа и ризикот за тотално
расипување на пумпата. За да можете да правите редовна проверка, се
препорачува да употребите опрема за далечинско надгледување.
Проверете го кабелот за поврзување за:
▪ Набабрувања
▪ Пукнатини
▪ Гребаници
▪ Разлабавеност
▪ Нагмеченост
Кога ќе утврдите оштетување на кабелот за поврзување, вендаш отстранете ја
пумпата од употреба! Заменете го кабелот за поврзување со помош на службата
за односи со корисниците. Можете да ја вратите пумпата во работа откако ќе се
отстрани штетата од страна на стручно лице!
ВНИМАНИТЕЛНО! Во пумпата може да навлезе вода поради оштетен кабел за
поврзување! Навлегувањето вода може води кон тотално расипување на
пумпата.
Опремата треба да се провери за:
▪ Правилно прицврстување
▪ Слободна функција
▪ Знаци на трошење, на пример, исекотини поради нишања
Утврдените недостатоци мора веднаш да бидат поправени или опремата да биде
заменета.
WILO SE 2019-02