7.6
Вклучување и исклучување
7.7
За време на работата
Упатство за вградување и работа Wilo-Rexa CUT GE
Пуштање во работа
Хидрауличното куќиште мора да е целосно исполнето со транспортираниот
медиум и не смее во хидрауликата да има воздушни перничиња.
НАПОМЕНА! Кога постои опасност од создавање воздушни перничиња во
постројката, земете предвид уреди за нивно издувување!
За време на процедурата на стартување, номиналната струја се пречекорува само
краткотрајно. За време на нормалната работа, номиналната струја не смее да се
пречекорува. ВНИМАНИТЕЛНО! Кога пумпата не стартува, веднаш исклучете ја.
Прво отстранете го дефектот пред повторно да ја вклучите!
Пумпите со преносливо поставување треба да се постават на цврста основа. Ако
пумпата паднала, прво наместете ја пред повторно да ја вклучите. Цврсто
зашрафете ја пумпата кога основата е проблематична.
Пумпи со слободен крај на кабелот
Пумпите мора да се вклучуваат и исклучуваат преку одделна контролна единица
обезбедена од корисникот (прекинувач за вкл./искл, приклучна табла).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Исекување на рацете поради ротирачки делови!
Работниот простор на пумпата не е предвиден како простор каде што ќе
минуваат сите! Постои опасност од (тешки) повреди поради ротирачки
делови! Не смее никој премногу да се задржува во работниот простор кога се
вклучува и додека работи пумпата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од изгореници поради жешки површини!
Куќиштето на моторот може да се загрее за време на работата. Може да се
изгорите. По исклучување треба да оставите пумпата да се излади на
температурата на околината!
НАПОМЕНА
Проблеми со пумпање поради прениско ниво на водата
Кога транспортираниот медиум тоне предлабоко, може да дојде до
прекинување на протокот на медиумот. Понатаму може да се појават
меурчиња во хидрауликата, коишто може да предизвикаат неправилна работа.
Минималното ниво на водата мора да биде до горниот раб на хидрауличното
куќиште!
За време на работата на пумпата, внимавајте на локалните прописи за:
▪ Безбедност на местото на работа
▪ Спречување несреќни случаи
▪ Ракување со електрични машини
Строго придржувајте се до работниот распоред на раководителот. Целокупниот
персонал е одговорен за придржување до работниот распоред и прописите!
Центрифугалните пумпи имаат вртечки делови зависни од конструкцијата,
коишто се лесно пристапни. Зависно од работата, овие делови може да имаат
остри рабови. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Може да дојде до повреди од исекување и
отсекување на цели екстремитети! Проверувајте ги следните работи во редовни
интервали:
▪ Работниот напон (+/-10 % од измерениот напон)
▪ Фреквенцијата (+/-2 % од измерената фреквенција)
▪ Потрошувачката на струја на поединечните фази (макс. 5 %)
▪ Разликата во напонот меѓу поединечните фази (макс. 1 %)
▪ Макс. зачестеност на вклучување
▪ Минималното покривање со вода во зависност од работниот режим
▪ Прилив: да не влегува воздух.
▪ Управување со нивото/заштита од работа на суво: Точки на прекинувач
▪ Тивка работа/работа со малку вибрации
mk
845