Herunterladen Diese Seite drucken

Wilo Rexa CUT GE Einbau- Und Betriebsanleitung Seite 860

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für Rexa CUT GE:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 4
mk
13.3.4
Електрично поврзување
13.3.4.1 Надгледување на просторијата
на моторот
13.3.4.2 Надгледување на намотката на
моторот
860
Прилог
Известување: Ако жиците водат кон Division 1, инсталацијата е во Class I, аDivision
2 е исто така дозволена.
ОПАСНОСТ
Опасност по животот од струен удар!
Неправилното ракување со електриката може да доведе до смрт поради
струен удар! На електриката треба да работи стручен електричар следејќи ги
локалните прописи.
▪ Електричниот приклучок на пумпата секогаш се изведува надвор од подрачјето
со опасност од експлозија. Ако приклучувањето мора да биде во рамките на
подрачјето со опасност од експлозија, треба да се изведе во куќиште одобрено за
експлозивни подрачја (вид на заштита согласно DIN EN 60079-0)! Ако не
внимавате, постои опасност по животот поради експлозија! Приклучувањето
мора секогаш да го прави стручен електричар.
▪ Сета опрема за надгледување надвор од „подрачјето отпорно на пожари" мора да
бидат поврзани преку осигурено струјно коло (пр. Ex-i реле XR-4...).
▪ Максималната толеранција во напонот изнесува ±10 %.
Одобрение според ATEX
Одобрение според FM
Одобрение според CSA-Ex
Легенда: - = нема на располагање/можно е, o = изборно, • = во стандардна
изведба
Приклучувањето се изведува како што е опишано во поглавјето „Електрично
поврзување".
ОПАСНОСТ
Опасност од експлозија поради прегревање на моторот!
Кога ограничувањето на температурата е погрешно поврзано, постои опасност
од експлозија поради прегревање на моторот! Ограничувањето на
температурата се поврзува со рачна блокада од повторно вклучување. Тоа
значи дека треба рачно да се притисне „копчето за блокада"!
Моторот мора да биде опремен со ограничување на температурата (1-колно
надгледување на температурата). Како опција, моторот може да е опремен со
регулирање и ограничување на температурата (2-колно надгледување на
температурата).
Во зависност од изведбата на термичкото надгледување на моторот, при
достигнувањето на прагот треба да следува:
▪ Ограничување на температурата (1-температурно коло):
Треба да се исклучи со помош на блокада од повторно вклучувањеоткако ќе се
постигне прагот!
▪ Регулирање и ограничување на температура (2-температурни кола):
При постигнување на прагот за пониската температура може да дојде до
исклучување со помош на автоматското повторно вклучување. При постигнување
на прагот за висока температура мора да има исклучување со блокада од
повторно вклучување!
ВНИМАНИТЕЛНО! Оштетување на моторот поради прегревање! Во случај на
автоматско повторно вклучување, придржувајте се до податоците за макс.
зачестеност на вклучување и за пауза!
Приклучок за термичко надгледување на моторот
▪ Приклучете биметален сензор преку релеи за проценка. Овде се препорачува
реле „CM-MSS". Прагот е претходно одреден.
P 13
-
WILO SE 2019-02

Werbung

loading