Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Sutter Bison Bedienungsanleitung Seite 79

Bipolare zange
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für Bison:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
• Ве молиме, имајте предвид: Горенаведените информации се потврдено
минимално време за успешно чистење во опишаните програмски чекори.
Кога користите различно средство за чистење, користете само средство за
чистење кое има својства споредливи со средството за чистење neodisher®
MediClean forte (д-р Вајгерт, Хамбург), на пр. во однос на pH-вредноста и
компатибилноста спрема пластични материи (при избор на параметрите на
процесот, имајте ги предвид спецификациите на средството за чистење).
Доколку имате сомнежи, контактирајте го одговорното лице за хигиена.
Контрола:
Пред стерилизацијата, извршете визуелна контрола и проверка дали
изолацијата е исправна, како и дали инструментот е чист и неоштетен.
Одржување:
Нема
Амбалажа:
Исчистените и дезинфицирани инструменти спакувајте ги во амбалажа за
стерилизација за еднократна употреба (единечно или двојно пакување)
или завиткајте го инструментот одн. фиоката заедно со исчистените и
дезинфицирани инструменти во памучна крпа и чувајте ги заедно во
контејнери за стерилизација, кои ги исполнуваат следниве услови:
• EN ISO/ANSI AAMI ISO 11607
• погодно за стерилизација со пареа (постојаност на температура до
најмалку 141 °C и доволна пропостливост на пареа)
• задоволителна заштита на инструментите одн. на стерилизациските
амбалажи од механички оштетувања.
Стерилизација:
Стерилизирајте ги само исчистените и дезинфицирани производи.
• Стерилизација со пареа, стерилизатор на пареа според EN 13060 или
EN 285 и потврдена според EN ISO 17665
Програмски чекори
Постапка
Стерилизациска температура
Време на стерилизација (време на
одржување на температурата на
стерилизација)
Време на сушење
a  Не стерилизирајте на топол воздух!
a  Не стерилизирајте во STERRAD
a  Уништете го инструментот ако дојде во контакт со приони (CJD - ризик од
контаминација) и не користете го повторно.
Складирање / Транспорт:
Да се чува на суво место. Да се заштити од сончева светлина. Да се складира
и транспортира во безбедни контејнери / амбалажи.
При враќање, испратете само исчистени и дезинфицирани производи во
стерилни амбалажи.
Посебни напомени:
Инструкциите наведени погоре, производителот ги потврдил како погодни
за подготовка на медицинско помагало за негова повторна употреба.
Преработувачот е одговорен да осигури дека повторната подготовка што
навистина се спроведува со опремата, материјалите и персоналот што се
користат во објектот за повторна подготовка го постигнува посакуваниот
резултат.
Сериозните инциденти што се случиле во врска со производот мора да бидат
пријавени кај производителот и надлежниот орган на земјата-членка во која
корисникот и / или пациентот се настаниле.
Поправки на производите може да изврши само производителот или служба
овластена од него. Во спротивно, гаранцијата ќе згасне, како и евентаулни
други побарувања за одговорност кон производителот.
Секоја промена на производот или какво било отстапување од упатството
за употреба доведува до исклучување на одговорноста од страна на Sutter
Medizintechnik GmbH.
Задржано е правото на промени. Тековната верзија е достапна на www.
sutter-med.de
STERRAD
®
is a trademark of Johnson & Johnson, Inc.
ФИГУРА A: компоненти
ФИГУРА B: монтажа и функциски тест
ФИГУРА C: демонтажа
ФИГУРА D: предупредување за опасност
76
Параметри
Фракциониран вакуум (3-кратно)
132 °C (макс. 138 °C вкл.
Толеранција според EN ISO 17665)
најмалку 3 минути
Нема зададени параметри
®
!

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

730100-33730199-33730200-33730299-33

Inhaltsverzeichnis