Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch RL25H Originalbetriebsanleitung Seite 366

Rotary laser, laser receiver, remote control, charger cst/berger serie
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
16 Преграда за батерија
17 Отвор за приклучокот за полнење*
18 Пакување батерии*
19 Навртка за преградата за батерии/пак.батерии
20 Прифат на стативот 5/8"
21 Сериски број
22 Натпис за предупредување на ласерот
23 Ласерски приемник
24 Мерна летва на градежниот ласер*
25 Статив*
26 Далечински управувач*
27 Ласерски очила*
28 Ѕиден држач/единица за израмнување*
29 Целна табла за ласерот*
30 Куфер
31 Полнач
32 Приклучок за полнење
* Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака.
Монтажа
Напојување со енергија
Мерниот уред може да се користи или со обични батерии,
кои се ставаат во преградата за батерии 16 или со
CST/berger-пакување батерии 18.
Работа со батерии
За работа со мерниот уред се препорачува користење на
алкално-мангански батерии.
– За да ги ставите батериите, олабавете ја навртката 19 и
извадете ја преградата за батерии 16.
При вметнувањето на батериите, внимавајте на точните
полови според сликите во преградата за батерии.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
– Повторно ставете ја преградата за батерии 16.
Внимавајте врвот на преградата за батерии да влегува во
соодветната вдлабнатина на куќиштето (видете ги
сликите на графичките страници). Добро прицврстете ја
преградата за батерии со навртката 19.
 Доколку не сте го користеле мерниот уред повеќе
време, извадете ги батериите од него. Доколку се
подолго време складирани, батериите може да
кородираат и да се испразнат.
Работење со пакување батерии
Наполнете го пакувањето батерии 18 пред првата употреба.
Пакувањето батерии може да се наполни исклучиво со
полначот 31 предвиден за таа намена.
– Приклучокот за полначот 32 ставете го во отворот 17 во
пакувањето батерии. Приклучете го полначот на
струјната мрежа. За полнење на празно пакување
батерии, потребни ви се околу 14 ч.
Новото пакување батерии или пакувањето батерии што не е
употребувано подолго време, полната јачина ја достигнува
по околу 5 циклуси на полнење и празнење.
366 | Македонски
Не го полнете го пакувањето батерии 18 по секоја употреба,
бидејќи ќе се намали неговиот капацитет. Наполнете го
пакувањето батерии, доколку приказот за наполнетост на
батеријата 6 трепка или непрекинато свети.
Значајно скратеното време на работа по полнењето
покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
– За промена на пакувањето батерии 18 олабавете ја
навртката 19 и извадете го пакувањето батерии 18.
– Ставете ново пакување батерии 18. Внимавајте врвот на
пакувањето батерии да влегува во соодветната
вдлабнатина на куќиштето (видете ги сликите на
графичките страници). Добро прицврстете го
пакувањето батерии со навртката 19.
 Доколку не сте го користеле мерниот уред повеќе
време, извадете го пакувањето батерии. При подолго
складирање, батериите може да кородираат или да се
испразнат.
Приказ на состојба на наполнетост
Доколку приказот за наполнетост на батеријата 6 првпат
трепка црвено, мерниот уред може да се користи уште 2
часа. Доколку користите обични батерии, преостанатото
времетраење на работата може да отстапува.
Доколку приказот за наполнетост на батеријата 6 свети
непрекинато црвено, не е возможно да се вршат мерења.
Мерниот уред автоматски се исклучува по 1 минута.
Употреба
Ставање во употреба
 Заштитете го мерниот уред од влага и директно
изложување на сончеви зраци.
 Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
температури или осцилации во температурата. Напр.
не го оставајте долго време во автомобилот. При големи
осцилации во температурата, оставете го мерниот уред
најпрво да се аклиматизира, пред да го ставите во
употреба. При екстремни температури или осцилации во
температурата, прецизноста на мерниот уред може да се
наруши.
 Избегнувајте ги ударите и превртувањата на мерниот
уред. По силни надворешни влијанија на мерниот уред,
пред да го употребите за работа, секогаш извршете
контрола на точноста (види „Проверка на точност на
мерниот уред", страна 369).
Поставување на мерниот уред
Хоризонтална
положба
(RL25H/RL25HV)
Вертикална положба
– Поставете го мерниот уред на стабилна подлога во
хоризонтална и вертикална положба, монтирајте го на
статив или на ѕиден држач 28 со единицата за
израмнување.
(RL25HV)
2 609 141 178 • 2.4.14

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Rl25hvRd5Rm7Chnm1

Inhaltsverzeichnis