Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Medtronic Extended Bedienungsanleitung Seite 137

Infusionsset
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 10
стабилна положба со еден прст. Потоа
ставете го приклучокот на местото
исправено во држачот на канилата додека
не кликне.
14. Наполнете ја меката канила со инсулин:
6 мм 0,6 единици (0,006 мл)
9 мм 0,6 единици (0,006 мл)
Фрлете го помагалото за внесување во
соодветен сад за остри предмети и според
локалните закони.
Чувајте ги обвивката за одделување и белото
капаче за да ги употребите кога комплетот за
инфузија е исклучен.
Одделување од местото
1. Измијте ги рацете со сапун и вода.
2. Нежно држете го држачот на канилата во
стабилна положба со еден прст. Потоа (а)
стиснете ги страните на приклучокот на
местото и (б) повлечете го приклучокот на
местото од држачот на канилата.
3. Ставете го белото капаче на приклучокот
на местото.
4. Ставете ја обвивката за одделување на
држачот на канилата. Потоа ставете ја
обвивката во држачот на канилата додека
не кликне.
Повторно поврзување на
местото
1. Измијте ги рацете со сапун и вода.
2. Со еден прст, нежно држете го држачот
на канилата во стабилна положба. Потоа
(а) стиснете ги страните на обвивката за
одделување и (б) повлечете ја обвивката за
одделување од држачот на канилата.
3. Отстранете го белото капаче од
приклучокот на местото со (а) стискање
на страните на приклучокот на местото,
а потоа (б) повлечете го белото капаче.
Погрижете се да нема воздух во цевката.
Ако има воздушни меурчиња во цевката:
наполнете ја цевката со инсулин како што
е покажано во упатствата за корисници за
пумпата. Не оставајте воздух во цевката.
4. Со еден прст, нежно држете го држачот
на канилата во стабилна положба. Потоа,
ставете го приклучокот на местото во
држачот на канилата додека не кликне.
Промена на резервоарот без
промена на комплетот
1. Измијте ги рацете со сапун и вода.
2. Со еден прст, нежно држете го држачот на
канилата во стабилна положба. Потоа (а)
стиснете ги страните на приклучокот на
местото и (б) повлечете го од држачот на
канилата.
3. Отстранете го резервоарот од пумпата,
а потоа (а) отстранете го приклучокот
за цевките од резервоарот со вртење
на приклучокот во насока спротивна
од онаа на стрелките на часовникот.
Фрлете го искористениот резервоар
во соодветен сад и според локалните
закони. Не фрлајте ја цевката. Ставете ја
настрана, на чиста површина. За конкретни
упатства за отстранување на резервоарот
од пумпата, видете во упатствата за
корисници за пумпата. (б) Ставете го
приклучокот за цевки на горната страна на
штотуку наполнетиот резервоар. Вртете
го приклучокот за цевката во насока на
стрелките на часовникот додека не се
заклучи на место.
За приклучокот за цевката, осигурајте се
дека нема течност во него или на горната
страна на резервоарот. Течностите
може да ги блокираат отворите и да
предизвикаат неправилен проток на
инсулин. Ова може да доведе до високо
или ниско ниво на гликоза во крвта. Ако
има течност, користете нов комплет за
инфузија и нов резервоар.
4. Ставете го резервоарот во пумпата.
Погрижете се да нема воздух во цевката.
Ако има воздушни меурчиња во цевката:
наполнете ја цевката со инсулин како што
е покажано во упатствата за корисници за
пумпата. Не оставајте воздух во цевката.
5. Со еден прст, нежно држете го држачот
на канилата во стабилна положба. Потоа,
ставете го приклучокот на местото во
држачот на канилата додека не чуете клик.
Не полнете ја канилата. При повторно
поврзување на комплетот за инфузија
по промена само на резервоарот,
полнењето на канилата може да
предизвика доставување на премногу
инсулин што може да доведе до
хипогликемија.
Отстранување на комплетот за
инфузија од телото
1. Измијте ги рацете со сапун и вода.
2. Со еден прст, нежно држете го држачот
на канилата во стабилна положба. Потоа
(а) стиснете ги страните на приклучокот на
местото и (б) повлечете го приклучокот на
местото од држачот на канилата.
3. Отстранете го резервоарот од пумпата.
Отстранете го приклучокот за цевката од
резервоарот со вртење на приклучокот во
насока спротивна од онаа на стрелките
на часовникот. За конкретни упатства за
отстранување на резервоарот од пумпата,
видете во упатствата за корисници за
пумпата.
4. Внимателно подигнете ја лепенката околу
држачот на канилата. Потоа повлечете ја
меката канила од кожата.
133

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis