Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Medtronic Extended Bedienungsanleitung Seite 134

Infusionsset
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 10
Индикации за употреба
Комплетот за инфузија Medtronic Extended е
индициран за супкутана инфузија на лек кој
се дава со надворешна пумпа. Комплетот за
инфузија е индициран за еднократна употреба.
Опис
Комплетот за инфузија Medtronic Extended
има мека канила од 90 степена. Се доставува
подготвен за употреба во однапред
наполнето помагало за внесување со
автоматско повлекување на иглата. Се
добива стерилен и непироген.
Намена
Комплетот за инфузија е индициран за
супкутана инсулинска инфузија за лекување на
дијабетес мелитус (шеќерна болест). Видете во
водичот за корисници на инсулинската пумпа на
Medtronic за список на компатибилни инсулини
и комплети за инфузија.
Контраиндикации
Овој комплет за инфузија е индициран само за
супкутана употреба. Комплетот за инфузија не
треба да се користи за интравенозна инфузија.
Комплетот за инфузија не треба да се користи
со крв или крвни производи.
Општи упатства
■ Комплетот за инфузија може да се носи
максимално седум дена или, според
етикетата на инсулинот, до покусото
наведено време.
■ Ако комплетот за инфузија се користи првпат,
првото поставување треба да се направи во
присуство на здравствен работник.
Предупредувања
■ Комплетот за инфузија не треба да се
користи ако пакувањето е отворено или
оштетено. Пакување што е отворено или
оштетено може да биде контаминирано. Тоа
130
може да предизвика инфекција.
■ Комплетот за инфузија не треба да се
користи повеќе од седум дена затоа што тоа
може да доведе до неправилно давање на
инсулин, инфекција или иритација на местото
на нанесување.
■ Комплетот за инфузија не треба да се
користи по датумот што е наведен како „Рок
на употреба" или ако пакувањето е отворено
или оштетено, затоа што можеби веќе не е
стерилен.
■ Комплетот за инфузија не треба да се
користи ако е отстранета обвивката за
одделување. Во тој случај треба да се
искористи нов комплет за инфузија. Една од
функциите на обвивката за одделување е
безбедносна, односно спречува ненамерно
исфрлање на помагалото за внесување, што
би можело да предизвика повреди.
■ Комплетот за инфузија не треба да се
менува непосредно пред спиење, освен ако
гликозата во крвта може да се провери еден
до три часа подоцна.
■ На комплетот за инфузија не треба да се
ставаат алкохол, средства за дезинфекција,
парфеми, дезодоранси, козметички средства
или други супстанции со растворувачи. Овие
супстанции може да го загрозат интегритетот
на комплетот за инфузија.
■ Никогаш не треба помагалото за внесување
да се насочува кон кој било дел од телото
каде што не е предвидено внесување.
■ Секогаш треба да се менува местото за
нанесување кога се менува комплетот за
инфузија. Ако истото место за внесување се
користи премногу често, може да се појават
лузни и непредвидливо давање на инсулин.
Разгледајте го упатството за корисници за
пумпата за да научите како да ги менувате
местата на нанесување.
■ Често проверувајте го местото на нанесување
преку проѕирното прозорче. Ако местото на
нанесување не се одржува доволно или во
случај на неправилно нанесување, може да
дојде до неправилно давање на инсулин,
инфекција или иритација на местото.
Заменете го и ставете го новиот комплет за
инфузија на друго место ако меката канила
не е правилно внесена.
■ Проверете дали има крв на држачот на
канилата и во цевката. Крвта може да
предизвика недоволно доставување на
инсулин. Тоа може да доведе до високо ниво
на гликоза во крвта. Ако има крв, заменете го
и ставете го новиот комплет за инфузија на
друго место.
■ Целосно наполнете ја цевката со инсулин
пред внесувањето. Не оставајте воздух во
цевката. Ако има воздух, може да се достави
неконтролирана количина на инсулин.
■ Ако нивото на гликоза во крвта е високо,
проверете дали цевката е затната или
истекува. Затнувањата и истекувањата може
да го ограничат доставувањето на инсулин
и да доведат до високо ниво на гликоза во
крвта. Заменете го комплетот за инфузија
со нов дури и ако се сомневате дека има
затнување или истекување, но не сте го
нашле.
■ Не обидувајте се да го истиснете воздухот
или некаква оклузија во цевката додека
комплетот е поврзан со телото. Може да
се достави неконтролирана количина на
инсулин. Тоа може да доведе до високо или
ниско ниво на гликоза во крвта. Одделете ја
цевката пред да ја приспособите.
■ Не употребувајте го истиот комплет за
инфузија повторно. Повторната употреба на
комплетот за инфузија може да ја оштети
канилата или иглата и може да предизвика
инфекција, иритација на местото на
нанесување или непредвидливо доставување
на инсулин.
■ Ако инсулинот или која било друга течност
навлезе во внатрешноста на приклучокот
за цевки, може привремено да ги блокира
отворите коишто овозможуваат пумпата
правилно да го наполни комплетот за

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis