Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Medtronic Extended Bedienungsanleitung Seite 136

Infusionsset
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 10
Компоненти
А. Горно копче
G. Мека канила
B. Обвивка за
H. Хартиена
одделување
подлога
C. Помагало за
I. Лепенка
внесување
J. Приклучок за
D. Исправени
цевката
стрелки што
K. Цевка
ја покажуваат
насоката на
L. Приклучок на
цевката
местото
E. Прозорец за
M. Бело капаче за
бришење (Clear)
приклучокот на
местото
F. Држач на
канилата
Упатство за употреба
■ Внимателно прочитајте ги сите упатства
пред да го користите комплетот за инфузија
Medtronic Extended.
■ Проверете го упатството за корисници
за пумпата за важни информации околу
терапијата со пумпа пред да го поврзете
комплетот за инфузија. Во овие информации
се вклучени и постапките за поврзување и
полнење, можните грешки и потенцијалните
ризици поврзани со терапијата со пумпа.
132
■ Следете ги добрите хигиенски постапки. Ако
комплетов за инфузија се користи првпат,
изведете го првото поставување во присуство
на здравствен работник.
Внесување на комплетот за
инфузија во телото
Одвиткајте ја предната корица на оваа
брошура за да ги видите сликите што се
поврзани со чекорите подолу.
1.
Измијте ги рацете со сапун и вода.
2.
Изберете препорачано место за
нанесување (прикажано во сива боја)
и според укажувањето на здравствен
работник.
3.
Исчистете го местото за нанесување
со средство за дезинфекција според
упатствата на здравствен работник.
Оставете да се исуши пред да го внесете
комплетот за инфузија. Ако е потребно,
отстранете ги влакната околу местото
на нанесување за да се осигурате дека
лепенката ќе се задржи на кожата.
4.
Отворете го пакувањето и отстранете ја
хартијата од цевката.
5.
Поставете го приклучокот за цевката
на горниот дел од штотуку наполнет
резервоар. Ако се користи приклучок за
цевки MiniMed, свртете го приклучокот
за цевки во насока на стрелките на
часовникот додека не се заклучи на место.
За приклучокот за цевки MiniMed: Ако во
приклучокот за цевки навлезе инсулин
или каква било друга течност, може
привремено да ги блокира отворите
што овозможуваат пумпата правилно
да го наполни комплетот за инфузија.
Ова може да доведе до испорака на
премалку или премногу инсулин, што
може да предизвика хипергликемија
или хипогликемија. Ако се случи ова,
започнете со нов резервоар и комплет за
инфузија.
6.
Отстранете го белото капаче од
приклучокот на местото со (а) стискање
на страните на приклучокот на местото,
а потоа (б) повлечете го белото
капаче. Зачувајте го белото капаче за
понатамошна употреба.
7.
Ставете го резервоарот во пумпата, а
потоа целосно наполнете ја цевката
со инсулин како што е покажано во
упатствата за корисници за пумпата. Не
оставајте воздух во цевката. Цевката е
целосно наполнета кога ќе забележите
дека излегуваат капки инсулин од
приклучокот на местото.
8.
Отстранете ја хартијата од лепенката.
Внимавајте да не го допрете лепилото.
9.
Отстранете ја обвивката за одделување
од помагалото за внесување со нежно
стискање на страните на обвивката за
одделување, а потоа повлечете ја од
помагалото за внесување. Зачувајте ја
обвивката за одделување за понатамошна
употреба. Исправените стрелки ја
покажуваат насоката на цевката.
10a. Развлечете ја кожата за да биде мазна.
Потоа притиснете го помагалото за
внесување врз кожата.
10b. Притиснете го горното копче до крај за да
го внесете комплетот за инфузија.
11. Нежно и внимателно отстранете го
помагалото за внесување.
12. Нежно притиснете ја лепенката на кожата
со еден прст. Заменете го комплетот
за инфузија со нов ако лепенката не се
залепува на кожата.
13. Нежно држете го држачот на канилата во

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis