Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Medtronic Extended Bedienungsanleitung Seite 135

Infusionsset
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 10
инфузија. Ова може да доведе до
испорака на премалку или премногу
инсулин, што може да предизвика
хипергликемија или хипогликемија. Ако
се случи ова, започнете со нов резервоар и
комплет за инфузија.
■ Ако има предупредување дека не се
доставува инсулин или дека протокот
на инсулин е блокиран, консултирајте го
упатството за корисници за пумпата.
■ Резервоарот и комплетот за инфузија
не треба да се користат ако едниот или
другиот се оштети при поврзувањето. Ако
резервоарот или комплетот за инфузија
е оштетен, може да се достави премалку
инсулин поради истекување, што може да
доведе до хипергликемија.
Мерки на претпазливост
■ Не користете друг вид на комплет за
инфузија без да се консултирате со
здравствен работник околу тоа како
правилно се ракува со него. Секогаш треба
да се консултирате со здравствен работник
кога избирате комплет за инфузија.
■ Изберете ги местата за нанесување како
што е препорачано од здравствен работник.
Изборот на место за нанесување зависи од
третманот и факторите што се однесуваат
на конкретен пациент, како што се телесниот
состав и нивото на физичка активност.
■ Проверете дали има иритација на кожата
на местото на нанесување, како на пример
црвенило на кожата, оштетено ткиво (лузна)
или крвавење. Не внесувајте го комплетот
за инфузија во мускул или над коска. Тоа
може да предизвика болка или да го оштети
комплетот за инфузија. Ако комплетот за
инфузија се внесе неправилно, заменете го
со нов и внесете го на друго место.
■ Ако е потребно, отстранете ги влакната
околу местото на нанесување за да се
осигурате дека лепенката ќе се залепи на
кожата.
■ Не внесувајте на место што се наоѓа под
ремен или појас или каде што местото
е стегнато од облека или додатоци.
Внесувањето на вакви локации може да
предизвика одделување на комплетот
за инфузија и прекин на доставувањето
на инсулин, како и да доведе до
хипергликемија.
■ Не поместувајте го комплетот за инфузија
на телото откако лепенката ќе се постави
на кожата. Поместувањето на комплетот
за инфузија може да го оштети лепилото.
Заменете го комплетот за инфузија со нов
ако лепилото е оштетено.
■ Секогаш проверувајте ја гликозата во крвта
еден до три часа по внесување на нов
комплет за инфузија или по менување на
резервоарот, користејќи го истиот комплет
за инфузија. Со тоа ќе потврдите дали
количината на инсулин што се внесува го
има влијанието на нивото на гликоза во
крвта за којашто е наменета.
■ Проверувајте ја гликозата во крвта неколку
пати во текот на денот или според препорака
на здравствен работник.
■ Консултирајте се со здравствен работник
за тоа како да го поправите испуштениот
инсулин и за тоа колку време пумпата може
да остане исклучена.
Чување и фрлање во отпад
■ Чувајте ги комплетите за инфузија на свежо
и суво место на собна температура. Не
чувајте ги комплетите за инфузија директно
изложени на сончева светлина или на места
со голема влажност.
■ Чувајте го инсулинот и ракувајте со него
според упатствата на производителот.
■ Фрлете го помагалото за внесување во
соодветен сад за остри предмети и според
локалните закони.
■ Фрлете го искористениот комплет за
инфузија според локалните прописи за
биомедицински отпад.
Сериозна несреќа
■ Ако се случи сериозна несреќа за време
на користењето на ова помагало или како
резултат на неговата употреба, пријавете го
тоа кај производителот и кај националниот
надлежен орган.
Гаранција
■ За информации околу гаранцијата за
производот, контактирајте со локалниот
претставник за поддршка на Medtronic или
одете на:
www.medtronicdiabetes.com/warranty
Дополнителни информации за
здравствениот работник
■ Кога го избирате местото за нанесување,
имајте ги предвид третманот и факторите за
конкретниот пациент.
■ Должината на меката канила треба да
зависи од третманот и факторите за
пациентот, како на пример физиологијата и
нивото на активност. Ако меката канила е
премногу долга, може да предизвика болка
при внесувањето или внесување во коска
или мускул. Ако меката канила е премногу
кратка, може да дојде до истекување или
иритација. Во двата случаи, инфузијата
мора да се запре и да се внесе нова мека
канила со друга должина на ново место за
нанесување.
■ Информирајте го пациентот дека
избирањето на место за нанесување зависи
од должината на канилата.
© 2020 Medtronic. Сите права се задржани. Логото на Medtronic и
Further, Together се трговски заштитни знаци на Medtronic. Сите други
брендови се заштитни знаци на компанијата Medtronic.
131

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis