Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Уреди За Надгледување - Wilo Padus UNI Einbau- Und Betriebsanleitung

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 4
6
5
Fig. 1: Преглед
1
Рачка за носење/точка на подигнување
2
Куќиште на мотор
3
Хидраулично куќиште
4
Притисочна наставка
5
Вшмукателна корпа
6
Кабел за поврзување
4.1.1
Хидраулика
Хидраулика за вртложење со отворено
повеќеканално работно коло и вертикална навојна
врска од притисочната страна. Хидрауликата не е
самовшмукувачка, што значи дека транспортираниот
медиум мора да протекува самостојно или со
претпритисок.
4.1.2
Мотор
Како погон се применуваат мотори со пасивно
ладење во монофазна и трифазна изведба.
Ладењето се изведува преку медиумот. Топлината на
моторот се предава од неговото куќиште директно
на медиумот што се транспортира. За време на
работа, моторот може да биде непотопен.
Работниот кондензатор кај моторите со монофазна
струја е вграден во моторот. Кабелот за поврзување е
во следните изведби:
▪ Монофазна изведба:
– Со утикач со заштитен контакт
– Со утикач со заштитен контакт и вграден пливачки
прекинувач
▪ Трифазна изведба:
– Со слободен крај на кабелот
– Со CEE-приклучник со префрлување на фазите и
вграден пливачки прекинувач
Упатство за вградување и работа Wilo-Padus UNI
Опис на производот
4.1.3
1
2
4.1.4
3
4
4.1.5
4.2
Заптивање
Транспортот на медиуми и моторот се заптиваат со
две механички заптивки. Заптивната комора помеѓу
лизгачките механички заптивки е наполнета со
медицинско бело масло.
Материјал
▪ Куќиште на пумпа: PP-GF30
▪ Работно коло: PP-GF30
▪ Куќиште на мотор: 1.4301 (AISI 304)
▪ Вратило: 1.4401 (AISI 316)
▪ Заптивање од страна на медиумот: SiC/SiC
▪ Заптивање од страната на моторот: C/Cr
▪ Заптивање, статично: NBR (Nitril)
НАПОМЕНА! Во изведба на материјали „B", сите
делови што се допираат со медиумот се од
нерѓосувачки челик 1.4401 (AISI 316).
Вградена опрема
Пливачки прекинувач
Во „A" и „VA" изведба, пумпата е опремена со
пливачки прекинувач. Во зависност од нивото,
пумпата може автоматски да се вклучува или
исклучува преку пливачкиот прекинувач.
Утикач
Во „P" и „A" изведба, вграден е утикач со заштитен
контакт кај монофазни мотори и со CEE-приклучник
со префрлување на фазите кај трифазни мотори.
Приклучокот е направен за користење со
секојдневни шуко или СЕЕ-утикачи и не е отпорен на
вода.
Уреди за надгледување
Надгледување на намотката на моторот
Термичкото надгледување на моторот ја штити
намотката на моторот од прегревање. Во стандардна
изведба се вградува ограничување на температурата
со помош на биметален сензор.
Кај монофазен мотор, термичкото надгледување на
моторот се вклучува самостојно. Оттаму, моторот се
исклучува кога ќе се прегрее и, откако ќе се излади,
автоматски повторно се вклучува.
Кај трифазен мотор, термичкото надгледување на
моторот мора да е приклучено во приклучната табла
или во утикач.
mk
417

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis