Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Електрично Поврзување - Wilo Padus UNI Einbau- Und Betriebsanleitung

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 4
mk
вклучува и исклучува во зависност од нивото. Нивото
се добива преку различни видови сензори (пливачки
прекинувач, притисочни или ултразвучни мерења
или електроди). Треба да внимавате на следново
кога употребувате управување со нивото:
▪ Пливачкиот прекинувач може да се движи слободно!
▪ Не смее да се спушта под минималното ниво на
водата!
▪ Не смее да се пречекорува максималното ниво на
зачестеност на вклучување!
▪ Кога нивоата варираат многу, се препорачува
управување со нивото со две мерни точки. Така може
да се појават големи диференцијални растојанија.
Употреба на монтиран пливачки прекинувач
Изведбите „A" и „VA" се опремени со пливачки
прекинувач. Пумпата се вклучува или исклучуваат во
зависност од нивото. Нивото на прекинување се
дефинира на следен начин:
▪ Изведба А со пливачки прекинувач: преку должина
на кабел
▪ Изведба VА со вертикален пливачки прекинувач:
преку позицијата на пловката на водечката шипка
(фабрички нагодено)
Фабрички нагодената пловка нуди максимален
волумен за вклучување. Ако е потребно,
нагодувањето на пловката може да се смени.
НАПОМЕНА! Горната пловка е поставена на
најгорната точка на прекинување. Кога точката на
прекинување е поставена кон надолу, пумпата веќе
не се потопува целосно во медиумот. На тој начин
пумпата може да се употребува само во
наизменична работа S3!
Поставете ја точката на прекинување на пловката.
Пумпа не работи.
Пумпата е исклучена од електричната мрежа.
1. Одвртете го шрафот со глава за имбус од пловката.
2. Поставете ја посакуваната точка на прекинување:
Поместете ја пловката нагоре или надолу.
3. Фиксирајте ја пловката: Завртете го шрафот со глава
за имбус на пловката.
▶ Новата точка на прекинување е поставена.
Употребата на управување со нивото што го
обезбедува корисникот
При употреба управување со нивото што го
обезбедува корисникот, внимавајте на податоците за
424
Инсталација и електрично поврзување
инсталација од Упатство за вградување и работа на
производителот.
6.4.4
Заштита од работа на суво
Заштитата од работа на суво мора да спречи пумпата
да работи без медиум и да не навлезе воздух во
хидрауликата. Затоа мора да се одреди минилано
дозволеното ниво со помош на сигнализатор. Штом
се достигнате претходно дадената гранична
вредност, пумпата мора да се исклучи по
соодветното известување. Заштитата од работа на
суво може да ги продолжи постоечките управувања
со нивото за дополнителна мерна точка или да
работи како единствниот уред за исклучување. Во
зависност од безбедноста на постројката,
повторното вклучување на пумпата може да биде
автоматски или рачно. За оптимална работна
сигурност, се препорачува инсталација на заштита од
работа на суво.
6.5
Електрично поврзување
ОПАСНОСТ
Опасност по животот од струен удар!
Неправилното ракување со електриката може да
доведе до смрт поради струен удар! На
електриката треба да работи стручен електричар
следејќи ги локалните прописи.
▪ Приклучувањето на мрежата мора да соодветствува
на податоците од натписната плочка.
▪ Напојувањето на трифазниот мотор од страна на
мрежата е со вртежно поле во насока на часовникот.
▪ Кабелот за поврзување мора да е поставен согласно
локалните прописи и да е поврзан според шемата на
жиците.
▪ Приклучете уреди за надгледување и проверете
дали функционираат.
▪ Изведете го заземјувањето согласно локалните
прописи.
6.5.1
Осигурувач од страна на мрежата
Заштитна склопка на вод
Големината и карактеристиките на прекинувачот на
заштитната склопка на вод, се одредува според
номиналната струја на поврзаниот производ.
Внимавајте на локалните прописи.
Заштитен прекинувач на мотор
За производи без приклучок, предвиден е заштитен
прекинувач на моторот! Според локалните прописи,
WILO SE 2019-02

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis