Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Демонтирање - Wilo Padus UNI Einbau- Und Betriebsanleitung

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 4
За да ја заштитите пумпата од мраз, секогаш
потопувајте ја целосно во транспортираниот медиум.
Температурата на транспортираниот медиум мора
секогаш да е над +3 °C (+37 °F).
1. Исклучете ја пумпата.
2. Осигурете ја од ненамерно вклучување (пр.
блокирајте го главниот прекинувач).
▶ Пумпата е сега надвор од употреба и може да се
демонтира.
Ако пумпата остане монтирана и откако е отстранета
од употреба, треба да се внимава на следниве точки:
▪ Овозможете ги сите предуслови за отстранување на
пумпата од употреба за целото време на
процедурата. Ако не се загарантирани предусловите,
демонтирајте ја пумпата по отстранувањето од
употреба!
▪ Доколку планирате да ја отстраните од употреба на
подолг период, вклучувајте ја на редовни интервали
(месечно до годишно) во траење од 5 минути за да се
уверите дека е функционална.
ВНИМАНИТЕЛНО! Проверката на функцијата смее
да се прави само ако условите во околината го
дозволуваат тоа. Не е дозволена работа на суво!
Невниманието може да доведе до тотално
расипување!
8.4
Демонтирање
ОПАСНОСТ
Ризик од медиуми опасни по живот!
Кога пумпата се употребува со медиуми опасни по
животот, треба да се деконтаминира по
демонтажа со се сите нејзини делови! Постои
опасност по животот! Внимавајте на податоците
за работните правила! Раководителот мора да се
осигури дека персоналот се придржува и ги
разбира работните правила!
ОПАСНОСТ
Опасност по животот од струен удар!
Неправилното ракување со електриката може да
доведе до смрт поради струен удар! На
електриката треба да работи стручен електричар
следејќи ги локалните прописи.
Упатство за вградување и работа Wilo-Padus UNI
Отстранување од употреба
ОПАСНОСТ
Опасно по живот доколку работите сами!
Работењето во шахта и тесни простори, како и
работењето каде што има опасност од паѓање се
смета за опасна работа. Не смеете сами да
работите во такви услови! Треба да биде присутно
второ лице за поголема сигурност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од изгореници поради жешки
површини!
Куќиштето на моторот може да се загрее за време
на работата. Може да се изгорите. По исклучување
треба да оставите пумпата да се излади на
температурата на околината!
НАПОМЕНА
Употребувајте само технички беспрекорна
опрема за подигнување!
Употребувајте само технички беспрекорна опрема
за подигнување и спуштање на пумпата. Осигурете
се дека пумпата нема да се заглави за време на
подигнувањето и спуштањето. Не пречекорувајте
ја максимално дозволената носивост на опремата
за подигнување! Проверете ја опремата за
подигнување дали функционира беспрекорно!
8.4.1
Преносливо водено поставување
Пумпата е отстранета од употреба.
1. Исклучете ја пумпата од електричната мрежа.
2. Замотајте го кабелот за струја и поставете го врз
куќиштето на моторот.ВНИМАНИТЕЛНО! Никогаш не
влечете го водот за снабдување со струја! Така
можете да го оштетите!
3. Исклучете ја притисочната линија од притисочната
наставка.
4. Прицврстете ја опремата за подигнување на точката
на подигнување.
5. Подигнете ја пумпата од работната просторија.
ВНИМАНИТЕЛНО! Кога се отстранува, водот за
снабдување со струја може да се нагмечи или
оштети! Внимавајте на водот за снабдување со
струја при отстранување!
6. Темелно исчистете ја пумпата (видете ја точката
„Чистење и дезинфицирање").
mk
429

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis