Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Работен Материјал; Обврската На Раководителот; Примена/Употреба; Прописна Употреба - Wilo Padus UNI Einbau- Und Betriebsanleitung

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 4
mk
▪ Кога целосно е испуштен притисокот, завртете ги
назад шрафовите.
2.10
Работен материјал
Заптивната комора на моторот е полна со бело
масло. Работниот материјал мора редовно да се
менува при редовните одржувања и мора да се фрли
согласно локалните прописи.
2.11
Обврската на раководителот
▪ Да го обезбеди персоналот со упатства за
вградување и работа на својот јазик.
▪ Да утврди дали персоналот го има потребното
познавање за дадената работа.
▪ Да обезбеди и да се увери дека секој има заштитна
опрема на располагање којашто треба да ја носи
персоналот.
▪ Да ги одржува читливи безбедносните таблички или
табличките со напомени.
▪ Да го упатува персоналот околу принципот на работа
на постројката.
▪ Да ги елиминира сите опасности од електриката.
▪ Да ги заштити луѓето од допирање на составните
елементи во постројката.
▪ Да го означи и обезбеди работниот простор.
▪ Да ги дефинира работните задачи на персоналот за
да се овозможи безбеден тек на работата.
Забрането е деца и лица под 16 години или со
ограничени физички, сензорни или ментални
способности да ракуваат со производот! Лицата под
18 години треба да бидат надгледувани од стручно
лице!
3
Примена/употреба
3.1
Прописна употреба
Потопните пумпи се наменети за транспорт на:
▪ Отпадна вода без фекалии (според EN 12050-2)
▪ Нечиста вода (со мала количина песок и шљунак)
▪ Транспортирани медиуми со pH-вредност >4,5
Потопните пумпи во изведба на материјали „В" се
наменети дополнително за транспорт на:
▪ Езерска и морска вода, макс. 20 °C
▪ Олимписки базен со макс. содржина на хлор од
400 mg/l
▪ Агресивни транспортни медиуми (кондензат,
дестилирана вода) со pH-вредност >3,5
416
Примена/употреба
3.2
Не се употребува прописно
ОПАСНОСТ
Експлозија поради пренос на експлозивни
медиуми!
Строго забрането е пренесување на лесно
запаливи и експлозивни медиуми (бензин,
керозин итн.) во чиста форма. Постои опасност по
животот поради експлозија! Пумпите не се
осмислени за вакви медиуми.
ОПАСНОСТ
Ризик од медиуми опасни по живот!
Кога пумпата се употребува со медиуми опасни по
животот, треба да се деконтаминира по
демонтажа со се сите нејзини делови! Постои
опасност по животот! Внимавајте на податоците
за работните правила! Раководителот мора да се
осигури дека персоналот се придржува и ги
разбира работните правила!
ВНИМАНИТЕЛНО
Забранета е употреба за биогасни намени!
Транспортираните медиуми за биогасна намена се
многу агресивни. Овие транспортирани медиуми
може да ја оштетат пумпата. Примена за овие
транспортирани медиуми е строго зарабнето!
Потопните пумпи не се користат за транспорт на:
▪ Сирова отпадна вода
▪ Отпадна вода со фекалии (согласно EN 12050-1)
▪ Вода за пиење
▪ Транспортирани медиуми со тврди делови (пр.
камен, дрво, метал итн.)
▪ Транспортирани медиуми со големи количини
абразивна содржина на материјал (пр. песок,
шљунак).
Прописната употреба вклучува и придржување до
овие упатства. Секое отстапување од нив се смета за
непрописно.
4
Опис на производот
4.1
Конструкција
Потопна пумпа за нечиста вода како преплавлив
блок-агрегат за водено поставување за наизменична
работа.
WILO SE 2019-02

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis