mk
достапни со помош на опрема за подигнување.
Местото на поставување мора да има цврста основа.
▪ Товарот треба да биде закачен со стремен за рачката
за подигнување. Употребувајте само опрема за
подигнување дозволена за градежништво.
▪ Поставените водови за снабдување со струја треба
да овозможат безбедна работа. Проверете дали
пресекот на кабелот и неговата должина се доволни
за избраниот тип на поставување.
▪ Кога користите приклучни табли, мора да внимавате
на соодветната IP-класа. Приклучната табла треба да
биде обезбедена од преплавување и да е
инсталирана надвор од подрачјето во кое постои
опасност од експлозија!
▪ Не дозволувајте во транспортираниот медум да
влезе воздух, употребувајте лимена или друг вид
преграда. Транспортираниот воздух може да се
насобере во цевководот и да предизвика
недозволени работни услови. Отстранете ги
меурчињата воздух преку уредите за вентилација!
▪ Забрането е пумпата да работи на суво! Не
дозволувајте да навлегуваат меурчиња воздух во
хидрауличното куќиште или во цевководот. Никогаш
не дозволувајте нивото на водата да биде под
дозволеното. Се препорачува инсталација на заштита
од работа на суво!
6.4.1
Одржување
Проверете го маслото во заптивната комора пред
инсталацијата ако производот бил складиран повеќе
од 6 месеци:
Fig. 3: Проверете го маслото
1
Шраф за затворање на заптивната комора
‡
Пумпата не е вградена.
‡
Пумпата не е приклучена за електричната мрежа.
422
Инсталација и електрично поврзување
6.4.2
1
‡
Поставена е заштитна опрема!
1. Поставете ја пумпата хоризонтално на цврста
подлога. Шрафот за затворање покажува нагоре.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од нагмечување на
дланките. Осигурете се дека пумпата нема да падне
или да се излизга!
2. Одвртете го шрафот за затворање.
3. Поставете соодветни резервоари за собирање на
работниот материјал.
4. Испуштете го работниот материјал: Свртете ја
пумпата сè додека отворот не покаже кон долу.
5. Проверете го работниот материјал:
⇒ Кога работниот материјал е чист, можете
повторно да го употребите.
⇒ Кога работен материјал е загаден (црн), ставете
нов. Внимавајте на локалните прописи за
работен материјал!
⇒ Ако во работниот материјал пронајдете метална
пилевина, контактирајте ја службата за односи
со корисниците!
6. Наполнете работен материјал: Свртете ја пумпата сè
додека отворот не покаже кон горе. Полнете со
работен материјал преку отворот.
⇒ Придржувајте се до податоците за видот и
количината работен материјал! Во случај кога
повторно се употребува работниот материјал,
количината треба да се провери и приспособи!
7. Исчистете го шрафот за затворање, ставете нов
заптивен прстен и повторно завртете го. Макс.
вртежен момент: 8 Nm (5,9 ft·lb)!
Преносливо водено поставување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од изгореници поради жешки
површини!
Куќиштето на моторот може да се загрее за време
на работата. Може да се изгорите. По исклучување
треба да оставите пумпата да се излади на
температурата на околината!
WILO SE 2019-02