Herunterladen Diese Seite drucken

3M 9130 Bedienungsanleitung Seite 47

Universalneutralelektroden

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 5
3M™ Универзални електрохируршки подлоги 9130, 9130F, 9160,
9160F, 9165E
Општа употреба
Прочитајте и зачувајте го овој документ. Осигурете се дека сите што ќе го користат овој производ ги знаат
и разбираат сите информации содржани во овој документ и препорачаните практики за електрохирургија на
Здружението на периоперативни медицински сестри. ПРОЧИТАЈТЕ ГО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕТО
Намена
3M™ Универзалните електрохируршки подлоги (9130, 9130F, 9160, 9160F, 9165E) се дизајнирани да работат со повеќето
електрохируршки единици (ESU) речиси за секоја хируршка апликација при која се користи електрохирургија за да се
обезбеди безбеден пат за враќање на електрохируршката струја. Цврстите универзални електрохируршки подлоги се
користат со генератори кои немаат систем за следење на квалитетот на контактот (CQMS). Универзалните електрохируршки
подлоги со разделување се користат со електрохируршки единици (ESU) кои имаат систем за следење на квалитетот
на контактот CQMS (т.е. REM, ARM, NESSY итн.). 3M™ Универзалните електрохируршки подлоги се дизајнирани да се
користат кај секој пациент кај кој може да има целосен контакт со кожата и кај кој има соодветно место за поставување.
Нема ограничувања на тежината на пациентите за употреба на овој производ. Ненаменетата употреба на овој производ може
да доведе до небезбедна состојба.
Тие се наменети за употреба од страна на здравствени работници во болници и хируршки центри.
Опис на производот
3M™ Универзалните електрохируршки подлоги (т.е. заземјувачки подлоги, неутрални електроди) се состојат од спроводлива
површина со лепило опкружена со неспроводливо лепило по рабовите. Подлогите се испорачуваат со или без кабли, имаат
неткаена обвивка отпорна на течности и имаат површина на спроводникот од 15 in
употреба и се нестерилни.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Неправилната употреба на универзалните електрохируршки подлоги може да предизвика електрохируршки изгореници или
некрози заради притисок. За безбедност на пациентот, следете ги сите упатства подолу. Неследењето на кое било од овие
упатства го зголемува ризикот од електрохируршки изгореници или некрози заради притисок.
Упатства за безбедна употреба
1. Користете соодветни подлоги, опрема и додатоци
• Дали електрохируршкиот генератор има систем за следење на квалитетот
на контактот (на пример, REM™, ARM™, NESSY™)?
Ако НЕ - користете цврсти универзални подлоги (9130/9130F).
Ако ДА - користете универзални подлоги со разделува е
(9160/9160F/9165E).
• Користете 3M™ кабли и адаптери за 3M™ универзалните подлоги,
според упатствата.
• Проверете го датумот на истекување на пакувањето. 3M™ универзалните
подлоги се безбедни за употреба 14 дена по отворање на пакувањето.
• За да избегнете ризик од изгореници на местото од наизменична струја, не дозволувајте пациентот да допира
заземјен метал или предмети што се капацитивно споени со заземјување.
• За да избегнете зголемен ризик од изгореници и инфекции поврзани со вкрстена контаминација, не користете ги
подлогите повеќе пати.
2. За да го намалите ризикот од изгореници, не преоптоварувајте ја универзалната подлога со премногу струја
• Електрохируршкиот уред или активниот додаток не смее да биде активен повеќе од 60 секунди во кој било период
од 2 минути, бидејќи тоа ќе ја преоптовари универзалната подлога со струја и може да доведе до изгореници на
пациентот.
• Секоја комбинација на голема моќност, долго време на активира е и спроводлив иригант (на пример,
физиолошки раствор) може да ја преоптовари универзалната подлога со струја и може да доведе до изгореници на
пациентот. За да се намали овој ризик:
Користете неспроводливи раствори освен во случај кога има медицински индикации за спротивното.
Спроводливите течности (на пример, крв или физиолошки раствор) кои се во директен контакт или близу до
активна електрода може да носат електрична струја и/или топлина подалеку од целните ткива, што може да
доведе до несакани изгореници на пациентот.
Користете ја најниската можна поставка за напојување.
Користете кратки времиња на активирање. Доколку е потребно долго активирање, направете пауза помеѓу
активирањата за да се олади ткивото под плочата за пациенти.
Користете две универзални подлоги со Y-адаптерот.
Ако не го добиете посакуваниот хируршки ефект, запрете и проверете дали е точен растворот за дистензија/
иригација и дали има добар контакт со универзалната подлога пред да продолжите со електрохирургијата или
зголемете ја поставката за напојување.
3. Изберете соодветно место
За да се намали ризикот од изгореници и некрози заради притисок:
• Изберете мазно, добро васкуларизирано, мускулно место близу до хируршкото место што овозможува целосен
контакт на кожата со универзалната подлога.
• Местото мора да биде чисто, суво и без влакна. тстранете ги влакната од местото на апликација.
• Поставете ја универзалната подлога поблиску до хируршкото место отколку до електродите за ЕКГ.
тстранете го металниот накит од пациентот.
• Избегнувајте поставување над коскени испакнувања, метални протези или ткиво со лузни.
{
(97 cm
). Подлогите се за еднократна
2
2
• Избегнувајте поставување при кое струјата тече низ метална протеза или спроводлив имплант. За пациенти со
имплантирани уреди, контактирајте го производителот на уредите за насоки како да избегнете попречувања.
• Избегнувајте поставување врз подготвителни хируршки раствори кои содржат јод (бетадин, повидон-јод итн.)
• Не ставајте универзална подлога на места каде може да се насоберат течности.
• Не ставајте универзалната подлога врз место за инјектирање.
• Изберете соодветно место подалеку од каков било уред за затоплување.
• Не ставајте ја универзалната подлога под пациентот. Местата кои држат тежина имаат ограничен проток на крв
и може да ги намалат перформансите на универзалната подлога.
• Не ставајте ја универзалната подлога врз јазови на кожата, како што е јазот помеѓу бутовите или јазот помеѓу рацете
и телото.
4. Поставува е на подлогата
За да се намали ризикот од изгореници и некрози заради притисок:
• Проверете ја универзалната подлога, гајтанот и кабелот. Не користете ако се исечени, изменети или оштетени.
тстранете ја транспарентната обвивка од универзалната подлога пред да ја поставите на пациентот.
• Поставете го едниот крај на универзалната подлога, а потоа залепете со притискање до другиот крај.
Избегнувајте правење на воздушни меури.
• Избегнувајте истегнување или преклопување на универзалната подлога или на кожата на пациентот.
• Измазнете ги рабовите на универзалната подлога по поставувањето за да обезбедите целосно залепување на
универзалната подлога.
• Не користете гел за електроди.
• Не обвиткувајте ги екстремитетите целосно со универзалната подлога. Не преклопувајте ги рабовите на
универзалната подлога.
• Не ставајте ја универзалната подлога врз оштетена кожа.
• Не менувајте ја позицијата на универзалната подлога по првичното поставување. Ако се смени положбата на
пациентот, потврдете дали има целосен контакт помеѓу подлогата и кожата и дали се непроменети врските.
• Не ставајте компреса, чорапи или уред врз универзалната подлога.
• Не обвиткувајте го гајтанот или кабелот околу некој екстремитет на пациентот или околу метален предмет.
• Не дозволувајте гајтанот или кабелот да лежи врз или под пациентот.
• Не ставајте стега за кабли под пациентот.
• Користете ЕКГ кабли со супресори/редуктори на радиофреквенција (RF) за да спречите електрохируршката струја да
тече низ електродите за ЕКГ. Сите електроди за ЕКГ треба да бидат поставени што е можно подалеку од хируршките
електроди. Не се препорачуваат иглести електроди за следење.
Користе е две универзални подлоги со Y-адаптер:
• Пациентите со сува кожа, масно ткиво и/или слаба
васкуларизација може да генерираат аларм за
висока импеданса и можно е да бидат потребни две
универзални подлоги.
• Не ставајте гајтани во Y-адаптерот сè додека не се постави секоја универзална
подлога.
• Претпочитаното поставување на секоја подлога е билатерално (т.е. на левата
и десната страна) подеднакво далеку од хируршкото место.
• Доколку електрохируршкиот генератор нема систем за следење на квалитетот на
контактот (на пример, REM™, ARM™, NESSY™), тогаш може да се користат две
цврсти подлоги со Y-адаптерот.
• За информации во врска со Y-адаптери во Европа, контактирајте го вашиот локален застапник за 3M. Во САД
и другите земји надвор од Европа, користете 3M™ 1157-C Y-адаптер.
5. Ваде е на подлогата
• Не вадете со повлекување на гајтанот или кабелот.
• Започнете од некое ќоше. Лупете полека под агол од 180 степени за да спречите оштетување на кожата.
Известува е за производителите и корисниците на медицински уреди и активни додатоци со
радиофреквенција (RF):
Сите 3M™ Универзални електрохируршки подлоги се во согласност со Дел 201.15.101.5 од стандардот ANSI/AAMI/IEC
60601-2-2:2017, кој одредува дека подлогата за заземјување мора да биде способна да носи струја од 700 милиампери
(mA) континуирано во период од 60 секунди. Производителите на медицински уреди или додатоци со радиофреквенција
(RF) не треба да препорачуваат користење на 3M™ Универзални електрохируршки подлоги со медицински уреди или
додатоци со радиофреквенција што можат до универзалната подлога да испорачаат струја што ги надминува овие граници.
3M™ потврдува дека 3M™ Универзалните подлоги со разделување од серијата 9100, кога се користат во согласност со
овие упатства за употреба, ги исполнуваат барањата на стандардот за компатибилност ANSI/AAMI/IEC 60601-2-2:2017 кога
се користат со електрохируршки генератори со висока фреквенција (HF) со CQM системи кои работат и со максимална
граница на импеданса (која не надминува 150 оми) и со диференцијална (динамичка) граница на импеданса (која не
надминува 40%).
За прашања во врска со компатибилноста на 3M™ Универзалните електрохируршки подлоги со одредени генератори,
во САД, контактирајте со 3M на 1-800-228-3957. Ако сте надвор од САД, контактирајте го вашиот застапник за 3M.
Рок на трае е:
Рокот на траење е отпечатен на секое пакување.
Фрла е:
Фрлете го уредот/пакувањето во согласност со локалните/регионалните/националните/меѓународните регулативи.
Пријавете до 3М и до локалната надлежна власт (ЕУ) или локалната регулаторна власт ако дошло до сериозен инцидент при
употреба на производот.
47

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

9130f91609160f9165e