Herunterladen Diese Seite drucken

Bayer Medrad Twist & Go Gebrauchsanleitung Seite 71

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 11
Вовед: Прочитајте ги информациите од ова упатство за
употреба. Со разбирање на информациите ќе можете
правилно да го користите Стерилниот рачен управувач
MEDRAD Twist & Go.
Важна безбедносна напомена: Стерилниот рачен
управувач MEDRAD Twist & Go е наменет за употреба од
страна на медицински лица со соодветна обука и искуство во
ракување со ангиографски процедури и техники и Системот за
®
инјектирање MEDRAD
Mark 7 Arterion. Во упатството за
употреба е ќе најдете совети за исправно користење на
MEDRAD Mark 7 Arterion инјекторот и шприцот.
Како и со секој друг инјектор, операторот треба многу
внимателно да ракува со MEDRAD Mark 7 Arterion инјекторот/
шприцот. Главни методи за да се намали ризикот од
присустност на воздух во текот на внесот на течноста се
визуелни проверки и добри навики при поставувањето и
користењето како и придржување за упатството за употреба.
Упатство за употреба: MEDRAD Twist & Go шприцот,
цевката за брзо полнење и другите потрошни материјали од
Bayer се конкретно наменети за еднократна употреба само со
MEDRAD Mark 7 Arterion Injection System за ангиографски
испитувања.
Контраиндикации: Уредот не е наменет да се користи
за хемотерапија и за давање други течности освен
интраваскуларни контрастни средства и обични раствори
за испирање.
Ограничена продажба: Само со рецепт
Пријавете сериозни несакани настани во врска со овој уред кај
Баер (radiology.bayer.com/contact) или надлежното локално
европско тело (или, доколку е применливо, соодветниот
регулаторен орган во земјата каде што се појавил проблемот).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од воздушен емболизам. Може да дојде до
сериозна повреда или смрт на пациентот.
• Еден оператор нека биде одговорен за полнење на
шприцот. Не менувајте ги операторите за време на
процедурата. Ако мора да се смени операторот,
погрижете се новиот оператор да провери дали е
отстранет воздухот од патеката на течноста.
• Погрижете се дека пациентот не е поврзан при
прочистување на воздухот од шприцот или при
активирање или придвижување на клипот.
• Свртете ја главата на инјекторот во положба
Отстранување воздух (исправен) додека го полните
шприцот и го отстранувате воздухот.
• По полнењето, отстранете го целиот воздух од
шприцот и од сите потрошни материјални.
• Потчукнете го шприцот откако ќе го наполните за
полесно да го отстраните воздухот.
®
• Проверете дали MEDRAD
FluiDots индикаторите
имаат округла форма за да бидете сигурни дека во
шприцот има течност.
Опасност од контаминација што се пренесува преку
крв. Може да дојде до сериозна повреда или смрт на
пациентот и/или работникот.
• Бидете претпазливи при отстранувањето на воздухот
од шприцот. Доколку се користат алати при
отстранувањето на воздухот, може да дојде до
оштетување на компонентите.
• Притиснете го копчето End Case (Крај на случајот)
на контролната единица на екранот. Изберете Yes
(Да) за да потврдите дека сакате да го прекинете
случајот и дека пациентот е исклучен од системот.
• Друга можност е да го свртите копчето Рачно
спротивно од правецот на стрелките на
часовникот за да го повлечете клипот на шприцот
за 2ml.
• Не надминувајте 1200 psi (8273 kPa).
Опасност од биолошка контаминација. Може да
дојде до сериозна повреда или смрт на пациентот
и/или работникот.
• Правилно отстранете го материјалот за еднократна
употреба по употреба или ако е можно да се случило
контаминација за време на поставувањето или
употребата.
Во врска со полнењето, празнењето и отстранувањето на шприцот, видете ја следната страница
71
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За уреди со ознака за еднократна употреба имајте
предвид: Овој производ е наменет само за еднократна
употреба. Немојте да стерилизирате, повторно да
обработувате или повторна да употребувате.
Потрошните уреди се неменети и одобрени само за
еднократна употреба. Повторната употреба на
потрошните уреди за еднократна употреба претставува
ризик за неисправност на уредите и ризик за пациентот.
Потенцијалната неисправност на уредот вклучува
значително расипување на компонентите поради
продолжената употреба, дефект на компонентите и
неисправност на системот. Потенцијалните ризици за
пациентот вклучуваат повреда поради неисправност на
уредот или инфекција, бидејќи уредот не е одобрен за
чистење или повторно стерилизирање.
ВНИМАНИЕ
Опасност од контаминација на животната средина.
Може да дојде до сериозна повреда или смрт на
пациентот и/или работникот.
• Немојте да користите ако стерилното пакување е
отворено или оштетено. Може да дојде до повреда
на пациентот или операторот ако пакувањето е
отворено или ако користите оштетени компоненти.
Визуелно проверете ги содржината и пакувањата
пред секоја употреба.
• Придржувајте се за стандардите за стерилна техника,
особено, водете сметка за стерилноста на врвот и
клипот на шприцот, како и на внатрешноста на
цилиндарот на шприцот и цевката за брзо полнење.
• Немојте да го гребете од процепите засушеното
контрастно средство, кое може да е контаминирано,
за време на инсталирањето на шприцот.
• Потрошните материјали не треба повторно да се
користат.
Опасност од бактериска контаминација. Може да
дојде до сериозна повреда или смрт на пациентот
и/или работникот.
• Веднаш користете ги наполнетите шприцови.
• Немојте да чувате полни шприцови за да ги користите
во друга прилика.
• Фрлете ги претходно наполнетите неискористени
шприцови.

Werbung

loading