DUO - Прирачник за користење Стр. 12
4.1 Услови за работење
Услови на околината
Опсегот на работа на DUO е од 10°C до 45°C
(50°F до 113°F) и релативна влажност од 10% до 95%.
Опсегот на складирање и транспорт е од -10°C до 60°C
и релативна влажност од 10% до 95%. Прифатлив
притисок е 1 atm.
Препорачливо е да избегнувате изложеност на
екстремна топлина, студ, растворувачи и масла.
Екстремниот студ и жештина негативно влијаат
на литиум-јонската батерија во уредот и може да
влијаат на работниот век на батеријата.
Предупредувања за работењето
Непочитувањето на препораките за одржување може
да доведе до оштетување на внатрешните компоненти
на уредот. Внатрешното оштетување на производот
може да предизвика дефект на производот, што може
да доведе до целосно губење на функционирањето.
Ако се појават проблеми во работата со уредот,
не обидувајте се да го поправите. Побарајте помош
од нашиот тим за поддршка.