Herunterladen Diese Seite drucken

Eko CORE Benutzerhandbuch Seite 545

Modell der 2. generation
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für CORE:

Werbung

Eko има воспоставено упатства за корисниците или корисничките
капацитети во врска со барањата за мрежа и поврзување. Видете на
https://support.ekohealth.com
Корисниците се охрабруваат да ги прегледаат упатствата за какви било
безбедносни дејства што се очекува да ги спроведе корисникот или
установата за да се обезбеди безбедно користење на уредот CORE™.
Погледнете ги информациите достапни на https://support.ekohealth.com во
однос на административната и ИТ поддршка на Eko.
Доколку се открие или постои сомнеж за настан поврзан со сајбер-
безбедноста, пријавете на security@ekohealth.com и privacy@ekohealth.com.
19. Приватност на пациентот
Приватноста на здравствените информации на пациентот може да биде
заштитена со државни, федерални или меѓународни/странски закони кои
регулираат како да се користат, чуваат, пренесуваат и откриваат таквите
информации. Системот Eko користи безбедносни карактеристики што
се во согласност со политиките на HIPAA. Пристапот до тие информации
може да биде забранет за трети страни без добивање писмено одобрение
од пациентот.
Корисникот е целосно одговорен за разбирање и почитување на сите закони
што регулираат складирање, пренос и откривање на сите електронски
податоци за пациенти преку употреба на софтвер. Ако корисникот биде
оневозможен да се придржува до некој закон или ограничување што се
однесува на користењето и откривањето на овие податоци, тој/таа не треба
да продолжи да собира или зачувува такви информации.
За да функционира, оваа апликација може да бара внесување здравствени
информации што го идентификуваат лицето. Евиденцијата се чува и
повикува преку користење на името на пациентот, датумот на раѓање и/или
идентификацискиот код на пациентот. Со внесување на овие информации,
корисникот ги презема сите ризици и обврски настанати со користењето или
пренесувањето на тие информации.
Доколку постои сомнеж за настан поврзан со сајбер-безбедноста, пријавете на
security@ekohealth.com и privacy@ekohealth.com.
545

Werbung

loading