Herunterladen Diese Seite drucken

Eko CORE Benutzerhandbuch Seite 539

Modell der 2. generation
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für CORE:

Werbung

Дополнително процесирање по употреба
Прикучокот Eko CORE™ треба да биде доволно наполнет и дезинфициран
по секоја употреба, согласно упатствата наведени во ова упатство.
Приклучокот Eko CORE™ не треба да се користи повторно доколку
1. На куќиштето на уредот или приклучокот има видливи оштетувања,
2. Уредот не се вклучува/исклучува,
3. Уредот не може да се наполни доволно,
4. Уредот има проблеми со звуците,
5. Уредот покажува други аномалии при работењето.
Контактирајте со поддршката за корисници на Eko за дополнителна помош.
Пријавување сериозни инциденти
Доколку се случил сериозен инцидент поврзан со уредот, треба да се
пријави до производителот и надлежниот орган на земјата-членка во која
се наоѓа корисникот и/или пациентот. Сериозен инцидент е секој инцидент
што директно или индиректно довел, би можел да доведе или, во случај
на повторување, може да доведе до некое од следново: смрт на пациент,
корисник или друго лице, привремено или трајно сериозно влошување на
здравствената состојба на пациентот, корисникот, фетусот или на друго
лице или сериозна закана по јавното здравје.
Фрлање согласно директивата 2012/19/ЕУ за отпад од електрична
и електронска опрема
Уредот не треба да се фрла како несортиран отпад, туку мора да се испрати
во посебни капацитети за електронско обновување и рециклирање
согласно важечките локални или национални закони. Уредот не содржи
никакви потенцијално биоопасни делови и додатоци.
12. Гаранција
Eko дава ограничена гаранција за CORE™. Одете на
ekohealth.com/warranty за да го видите целиот текст на гаранцијата.
13. Режими на CORE™ и соодветни состојби
на ЛЕД-индикаторот
Трепка
бела боја
Бела боја
Сина боја
Трепка
портокалова
боја
Портокалова
боја
Зелена боја
CORE е вклучен и бара уред
CORE е вклучен, CORE снима
CORE репродуцира снимка
Батеријата на CORE е при крај
CORE е исклучен и се полни
CORE е целосно наполнет
539

Werbung

loading