дезинфицирани кога се завршува употребата на еден пациент и треба да се
употреби на друг. Практиките за хигиена за стандардните стетоскопи важат
и за уредот Eko.
Сите надворешни делови на хардверот треба да се дезинфицираат
со влажни марамчиња со 70% изопропил. Во нормални услови, не е
неопходно да се вади приклучокот CORE™ од цревото на стетоскопот
за да се изврши дезинфекција.
НАПОМЕНА: НЕ потопувајте го уредот во каква било течност и не
подложувајте го на процеси за стерилизација со висок притисок/автоклав.
Можеби ќе биде неопходно да се отстрани дигиталниот приклучок
Eko CORE™ од стетоскопот, ако уредот е премногу извалкан или постои
сомневање за навлегување на течност. Се препорачува да се изведе
следнава постапка за расклопување:
1. Извлечете го цревото од металното цевче на приклучокот CORE™,
од двата краја.
2. Избришете ги сите делови на стетоскопот со влажни марамчиња со
70% изопропил или со марамче за болничка дезинфекција или со
марамче со сапун и вода, вклучувајќи ја и површината на CORE™,
цревата на стетоскопот, приклучокот за црево, врвовите за слушалките
и микрофонот.
3. Може да се користи 2% хидроген за дезинфекција на цревата на
стетоскопот, приклучокот за црево и микрофонот, меѓутоа, можно
е цревото да ја изгуби бојата по употреба на хидроген.
4. За да спречите обојување на цревото на стетоскопот, избегнувајте
контакт со пенкала, маркери, весници или друг печатен материјал. Добра
практика е да го носите вашиот стетоскоп околу вратот секогаш кога тоа
е можно.
5. Склопете го стетоскопот со повторно вметнување на металните цевчиња
на приклучокот CORE™ во цревата на стетоскопот како што е опишано
погоре во делот за инсталација.
11. Услови за работење
Услови на околината за транспорт и складирање: -40° до +55°C, опсег на
релативна влажност од 15% до 93% со опсег на атмосферски притисок од
700 hPA до 1060 hPa (во согласност со IEC 60601-1-11).
Услови за континуирано работење
-30° до 40°C; опсег на релативна влажност од 15% до 93% со опсег
на атмосферски притисок од 700 hPa до 1060 hPa (во согласност со
IEC 60601-1-11).
Избегнувајте изложеност на екстремна топлина, студ, растворувачи
и масла. Екстремните студови и жештини негативно ќе влијаат на литиум
јонската батерија во уредот и може да влијаат на работниот век на
батеријата.
Забранети модификации
Непочитувањето на препораките за одржување може да доведе до
оштетување на внатрешните компоненти на CORE™. Внатрешното
оштетување на производот може да предизвика дефект на производот, што
може да доведе до целосно губење на функцијата. Ако се појават проблеми
во работењето на CORE™, не обидувајте се да го поправите. Побарајте
помош од нашиот тим за поддршка.
538