Herunterladen Diese Seite drucken

Eko CORE Benutzerhandbuch Seite 536

Modell der 2. generation
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für CORE:

Werbung

Исклучување
Кога CORE™ е исклучен, на стетоскопот ќе се пренесуваат и слушаат
аналогни, а не дигитални звуци. „Исклучено" е кога копчето е испакнато
над копчињата за гласност.
Вклучување
Притиснете го лизгачкото копче за вкл./искл. од позицијата „OFF" во
позицијата „ON". „Вклучено" е кога копчето е израмнето со копчињата
за гласност.
Тестирање на нивото на гласност
Нивото на звук на CORE™ може да се засили во 7 степени до 40-кратно
засилување на акустичниот стетоскоп. Променете го нивото на гласност
со кликање на копчињата плус (+) и минус (-) на страната на CORE™.
Поврзување со Bluetooth
Прво, вклучете Bluetooth на избраниот мобилен уред. На уредот со iOS
одете во Settings (Поставки) > Bluetooth и допрете го лизгачот за да
вклучите Bluetooth.
Мобилниот уред сега е подготвен да снима звуци од CORE™. Ако
поврзувањето преку Bluetooth е неуспешно, во апликацијата ќе се
појави порака за грешка и нема да се снимаат звуци. Ако е воспоставено
поврзување преку Bluetooth, ЛЕД-индикаторот што трепкал ќе светне бело
без трепкање (видете Дел 6.1 за состојбите на ЛЕД-индикаторот на уредот).
Поставување PIN
Создајте безбеден 4-цифрен PIN со најавување во мобилната апликација.
Со избирање на иконата во горниот лев агол на почетниот екран ќе се
отвори екранот Мени на мобилната апликација.
Следно, изберете Account Settings (Поставки за сметката) > Create
Pin (Создај PIN). Следете ги упатствата на екранот за да создадете
и зачувате 4-цифрен PIN. Ќе треба двапати да го внесете вашиот PIN за да
го потврдите.
Додавање белешки на снимките во мобилната апликација
За да додадете белешки на кои било снимки од пациенти, најавете се во
мобилната апликација. Пристапете до списокот на пациенти со избирање
на картичката за пациенти во горниот десен агол на почетниот екран.
Изберете пациент и изберете снимка за која сакате да додадете белешки.
На дното на екранот за снимање, изберете ја иконата за белешки. Иконата
за белешки изгледа како Post-It® со напис на неа. Изберете „Add Note"
(Додај белешка) и внесете ја вашата белешка. Изберете го знакот за
штиклирање за да ја зачувате.
Работење со CORE™
Кога го користите CORE™ за да проценувате и да снимате срцеви звуци,
најдобро е да го поставите стетоскопот CORE™ на стандардните точки за
аускултација - на предниот ѕид на градниот кош како што е прикажано
подолу со ЦРНИ точки (видете Слика 4a).
Кога го користите CORE™ за да проценувате и да снимате звуци на белите
дробови, најдобро е да го поставите стетоскопот CORE™ на стандардните
точки за аускултација - на предниот ѕид на градниот кош како што
е прикажано подолу со ЦРНИ И СИНИ точки (видете Слика 4).
536

Werbung

loading

Verwandte Produkte für Eko CORE