Herunterladen Diese Seite drucken

Eko CORE Benutzerhandbuch Seite 544

Modell der 2. generation
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für CORE:

Werbung

16. Клинички придобивки
Eko CORE™ е дигитална алатка за аускултација која ја подобрува физичката
проценка на пациентите така што обезбедува засилување на звукот, активно
поништување на шумот и безжично слушање.
Eko CORE™, исто така, вклучува алатка за поддршка на клинички одлуки за
автоматско откривање шум со употреба на софтвер за анализа Eko (EAS) или
софтвер за анализа на шум Eko (EMAS) како што е достапен.
Како составен дел на физичката проценка, интерпретациите на телесните
звуци од страна на лекарите преку излезите Eko CORE™ и Eko AI може да им
помогнат да вклучат или исклучат различни патолошки состојби кај пациентот.
Им помага на лекарите прецизно да откријат шумови за коишто е потребно
понатамошно испитување, така што дополнителните подготовки и тестирање
би можеле да бидат подобро насочени и со поголема веројатност да
резултираат со клиничка придобивка од точната дијагноза за пациентот.
17. Мрежна безбедност
Кога го поврзувате паметниот уред, користете мрежа што поддржува Wi-Fi
802.11n. Се препорачува да ја обезбедите оваа мрежа користејќи WPA
(заштитен пристап за Wi-Fi) или WPA2 (заштитен пристап II за Wi-Fi) како
безбедносен протокол. За информации за подобрување на безбедноста на
безжичната мрежа, погледнете ја документацијата на мрежната опрема.
Сите податоци што се пренесуваат од апликацијата Eko се шифрираат во
транзит со користење на TLS 1.2 или понов, а сите податоци се шифрираат во
мирување со помош на AES 256.
Покрај безбедносните функции вградени во системот, силно се препорачува
корисниците на апликацијата Eko и контролната табла Eko да користат
безбедносни функции на мрежата за да ги заштитат податоците на пациентите
што се создаваат и складираат со употреба на овој софтвер. Вообичаени
примери вклучуваат, силни лозинки, биометриско овластување, автентикација
со две фактора и ВПН-шифрирање кога е достапно.
CORE™ ја поддржува употребата на Bluetooth како примарен протокол за
комуникација со мобилниот уред за време на работата. Bluetooth е стандард
за безжична технологија со краток домет кој користи UHF радио бранови во
опсегот на ISM, од 2,402 до 2,48 GHz.
Ажурирањата на фирмверот на CORE™ ќе бидат достапни како безжични
ажурирања (OTA) преку апликацијата Eko на мобилни уреди. Eko обезбедува
редовни ажурирања за апликацијата Eko, коишто се достапни преку
продавницата за апликации на мобилниот уред.
18. Сајбер-безбедност
Eko е посветен на обезбедување сајбер-безбедност на уредите преку
воспоставување активна програма за следење на сајбер безбедноста. Уредот
CORE™ не врши детектирање на настани поврзани со сајбер-безбедноста,
ниту регистрирање на настани поврзани со сајбер-безбедноста.
544

Werbung

loading